Корисниците на урбана опрема да ги подмират обврските кон општината
Се повикуваат корисниците на урбана опрема коишто имаат склучено договор со општина Охрид за поставување на урбана опрема, во најкраток можен рок да ги подмират обврските и да прибават одобренија за поставување на урбана опрема.
Еден милион учесници бележи проектот на отворените забавни фудбалски школи
Годинава, хуманитарниот проект отворени забавни фудбалски школи, бележи завидна бројка од 1 милион учесници кои поминаа во нивните активности. Вчера во Струга за прв пат се формира интернационален совет со претставници од 20 земји од целиот свет, кои ќе одлучуваат во која насока ќе се движи овој најброен проект следниве 5-6 години.
Во наредниве шест години, стопански и рекреативен риболов на риболовното подрачје Охридско Езеро ќе врши фирмата „Летница – Белвица Милорад“ од Струга
Од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, за ТВМ информираа дека оваа фирма на елекстронската аукција понудила највисок надомест за концесија за стопански риболов и највисок концесиски надомест од 100% од вредноста на издадените дозволи за рекреативен риболов.
Олимпискиот пламен, ќе патува во Вселената
Олимпискиот факел кој ќе се користи на Зимските олимписки игри во Сочи 2014 ќе биде испратен во вселената, но огнот нема да биде запален од безбедносни причини.
Повозрасните граѓани барале помош од психолог во пандемијата
Граѓани од регионот барале совети како да се справат со стресот и самотијата. Отворената линија за давање психолошка помош која функционира во општинската организација на Црвен крст беше и сеуште е потребна за подобро ментално здравје кај граѓаните.
ВМРО ДПМНЕ: Нелегалната бетонска база на Нефи Усеини ќе го забетонира Охрид и неговото уништување
Портпаролот на партијата обвини дека институциите не преземаат ништо за нелегалните градби ан советникот, базата и летна тераса до Чинарот, поради предизборни пазарења. Локалната и централната власт мора да се охрабрат и да преземат мерки согласно закон и еднаш за секогаш да го санкционира башибозукот на урбаната мафија во Охрид, рече Арсовски.
Калачоски: Рамномерен развој во сите урбани и месни заедници, задолжителни состаноци со граѓаните
Во претстојниот четиригодишен мандат продолжуваме со рамномерен развој во сите урбани и месни заедници, кажа Кандидатот за советник Наум Калачоски, од СДСМ и коалицијата.
Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Охрид организира меѓународен турнир за паметење
Викендов 22 јуни 2019 во С.Р.Ц. “Билјанини Извори ” Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”Лескоец-Охрид го организираше меѓународниот Таеквон-до ИТФ турнир “ ОХРИД ОПЕН 2019” на кој зедоа учество околу 250 натпреварувачи од 26 клубови од Словенија, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија и Македонија. Најбројни беа клубовите од соседна Бугарија.
Од Охрид до ѕвездите
Охриѓанката Маргарита Каровска Нили веќе неколку децении работи во Центарот за астрофизика Хардвард-Смитсониан при престижниот универзитет Хардвард на голем број проекти од НАСА.