Skip to main content
Дек 12, 2014

Малку информации од Агенцијата за вработување допираат до граѓаните на Струга. Ова го истакна  директорот на Агенцијата. Влатко Поповски на денешната трибина за презентација на активните мерки за вработување. На локалната единица во Струга и се потребни правници, психолози и економисти со цел да се подигне нивото на квалитетот на работењето на струшката агенција.


Јул 4, 2019

Претстојниов викенд во Охрид во знакот на триатлонот. 300 учесници од 20 земји ќе бидат дел од Европскиот јуниорски триатлон куп  и Националното првенство во триатлон. Организаторите Македонската триатлон федерација и Асоцијацијата Спорт за сите сите за спорт со поддршка на општина Охрид велат дека се е подготвено за одржување на натпреварите на едно високо ниво.


Јун 26, 2013

Строгите организатори на Вимблдон му наредија на Роже Федерер да ги почитува правилата на турнирот и да ги смени патиките со портокалов ѓон.


Окт 7, 2021

Во текот на последните 24 часа се направени 2.974 тестирања, при што се регистрирани 393 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.


Јул 4, 2019

Од утре до 8 јули во Охрид  по 58 – ми пат ќе се афирмираат музичките културни вредности на народите. Од оваа година фестивалот  има нова содржина.  Во центарот за култура ќе има проекции на три краткометражни етно филмови.


Јул 4, 2019

Во овој период повиците најчесто се однесуваат на колабирање на граѓаните предизвикани од топлината, а интервенираат и на зголемен број на сообраќајни несреќи. Во летните месеци  се чувствува недостаток од персонал , а располагаат со доволен број амбулантни возила. Службата за брза медицинска  интервенција секојдневно се соочува со злоупотреба на  повици  од страна на несовесни граѓани. 


Јул 4, 2019

Ј.П.„Охридски Комуналец„ континуирано  се соочува со проблемот од несоодветно депонирање и расфрлање на отпад на патниот правец кон С.Велестово. Денес повторно се реализира акција за расчистување на овој патен правец и шумскиот  дел покрај коловозот.


Мај 13, 2016

Најдобрата македонска стрелачка, охриѓанката Нина Балабан е првиот македонски спортист кој доби потврда за учество на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро.


Јул 4, 2019

Согласно одлуката за давање на користење на недвижен имот – градежно земјиште со намена за сидрење на пловни објекти кој се наоѓа на месноста „Студенчишта” КП. бр 6472/1 КО Охрид од Општина Охрид на ЈП „Билјанини Извори”, ги известуваме сите сопственици на пловни објекти заинтересирани за закуп на сидришно место, да дојдат во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори” за потпишување на преддоговор и резервација на сидришно место.