NUMB – Tribute to Pink Floyd
По „Долни сарај“, ова лето на плажата „Cuba Libre“, во четврток, на 18-ти јули 2019 година, со почеток по 21:00 часот ноќ посветена на еден од најголемите и највлијателните рок бендови воопшто во музичката историја, легендарните Pink Floyd.
Втора лидерска средба
Лидерите на четирите најголеми партии, Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, денеска ќе ја одржат втората средба, со цел изнаоѓање решение за излез од политичката криза.
12 тезги ќе бидат поставени на паркингот кај Ваикики
На паркингот кај Ваикики наместо автомобили ќе има тезги. Од ЈП „Градски пазар“, кое стопанисува со просторот велат дека ќе праватмини базар, па сите продавачи на храна и сувенири кои сега се распрскани низ чаршијата ќе бидат стационирани таму.
Охриѓани на операција одат во Струга
Охриѓани на операција одат во соседна Струга. На струшкото хируршко одделение една третина од пациентите се од Охрид, информира директорот на Општа болница Струга. Додека пак според статистика на охридската Општа болница, хируршкото одделение во Охрид, бележи зголемување на бројот на операции. Од таму тврдат дека ниту еден пациент не бил препратен на друга клиника но додаваат дека пациентите и сами одлучуваат каде ќе се оперираат.
Oд понеделник ќе сe применува летниот сообраќаен режим
Технички проблеми со поставување на системот за видео надзор кај Горна Порта и црквата Каменско за влез во стариот дел од градот го пролонгирале првично планираниот термин за примена на целосниот летен сообраќаен режим кој треба да го намали сообраќајниот хаос во екот на туристичката сезона. Во моментов со измени се одвива сообраќајот само во централното градско подрачје.
Билиќ, нов тренер на Бешикташ
Поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација, Славен Билиќ, следната сезона ќе го предводи турскиот Бешикташ.
Кривична за охриѓанец кој преку социјални мрежи ширел омраза и повикувал на насилство
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С.(51) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста по пат на информациски систем”.
Се ловат рибокрадците во охридско
Продолжува криволовот на Охридска пастрмка. Засилените полициски контроли вродија со плод.
ОПМ загрижена за стандардот на потрошувачите
По најавите за енормно поскапување на основните прехранбени производи бараат цените да бидат ограничени. Од министерството за економија смируваат дека веднаш ќе се интервенира долку има некаков ценовен шок.