Охридските пензионери спортисти севкупни победници на 24-те регионални спортски натпревари во Струга
Викендов во Струга се одржаа 24-те Регионални спортски пензионерски натпревари од ју-гозападниот регион.На натпреварите учествуваа окоу 300 пензионери од ЗП Кичево,Охрид,Струга ,Дебар, Македонски Брод, Вевчани и Лабиништа,кои се натпреваруваа во 11 спортски дисциплини, во екипна и поединечна конкуренција.
И македонците ги има во „Panama papers“
На интернет страницата на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи, каде станаа достапни материјалите наречени „Панамските документи„, од Македонија се појавија три лица: Роланд Златку, Слободан Спасовски и Александар Пановски, пренесува „еМагазин“.
ЗАПОЧНА ЧЕТВРТОТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „СЛОВЕНИЈА ВО ОХРИД“
Со целовечерен концерт по повод Денот на државноста на Република Словенија , викендов на сцената на Долни Сарај започна годинешното издание на фестивалот „Словенија во Охрид“.
Откриена е тајната на Бермудскиот триаголник?
Вистината за исчезнувањето на бродовите се крие на дното од морето
Во среда крводарителска акција за потребите на охридските болници
Со цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид во летниот период, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира на 26-ти јуни, среда, во просториите на ОСУ Св.Климент Охридски-Гимназија. Акцијата ќе се реализира во периодот од 9-13 часот.
Средношколците се враќаат на настава
Средошколците одлучија да го прекинат капмувањето во паркот спроти Министерството за образование и наука и од понеделник да се вратат на настава, пишува „Телма“.
Ohrid Lake sailing Cup одложен поради безредието на градското пристаниште
Ohrid Lake sailing Cup кој на голема врата го врати сјајот на едрењето на Охридско езеро, одложен. Организаторите велат дека пристаништето е целосно блокирано од бродовите и едриличарите се оневозможени да го користат истото. Бараат надлежните да воведат ред на градското пристаниште и да се овозможи одржување на купот во едрење за кој има голем интерес од клубови од земјава и од странство.
Презентирани резултатите од проектот ИРЕКо
Пилот проект, спроведување на енергетски контроли на 4 јавни објекти во Југозападниот плански регион, добија 4 општини од овој регион. Во Струга беа презентирани постигнатите резултати од спроведувањето на проектните активности во Југозападниот плански регион во период од 15 месеци колку што беше времетраењето на проектот ИРЕКо.
Охрид годинава е домаќин на одбележувањето на 21ви јуни, Денот на Охридското Езеро
19 години Охрид, Струга и Поградец наизменично организираат прослава на овој датум. Годинава во фокусот e прашањето, колку навистина имаме причина за славење кога следниов месец во Баку, на сесијата на Комитетот за светско наследство ќе се одлучува за статусот на Охридскиот регион, со предлог да се стави на листа на загрозено природно и културно наследство.