Уметност на платно кое дише
Охридскиот тату уметник Маја Грашаровска добитник на две интернационални награди на неодамна одржаната тату конвенција во Скопје. Единствената преставничка од Охрид, со своето студио „Хаџи Тату“, освои прво место во категоријата Маори и второ место во категоријата големи бои.
Најголеми штети има во автокампот Љубаништа и во Св. Наум
Неколку барања пристигнале до Општинската комисија за проценка на штети од силното невреме кое погоди дел охридскиот регион. На потегот од автокампот Градиште до Св. Наум е направена материјама штета на коли, камп приколки и кровни конструкции на објекти. Од понеделник се очекуваат да бидат поднесени поголем број на пријави за барање на оштети од елементарни несреќи.
Французите со парични награди против пушењето
Во Франција пушат речиси 18% од бремените жени. Поради тоа, француските власти одлучиле да доделуваат награди од 300 евра на бремените жени кои одлучиле да престанат со оваа навика барем во месеците од бременоста.
Православните христијани го слават Петровден
Православните христијани денес го слават споменот на светите апостоли Петар и Павле, со кој се одбележува завршувањето на повеќедневните пости.
Популарната Адел прекинала концерт за да прати порака до терористите
Адел е дефинитивно највлијателната личност на светската шоу-бизнис сцена
Светската виолинистка Ванеса Меј со спектакуларен концерт го отвора 59-тото „Охридско лето“
Педесет и деветтото издание на фествалот „Охридско лето“ ќе биде отворено вечерва, на 12 јули, со спектакуларен концерт на светски популарната виолинистка Ванеса Меј што ќе се одржи на Антички театар во Охрид со почеток во 21 часот.
Отворена мониторинг станица за следење на квалитетот на водата во охридско-преспанскиот слив
Промените кои се случуваат во квалитетот на водата ќе се следат директно од брод односно лабораторија која се наоѓа во Преспанското Езеро и ќе бидат анализирани во оваа мониторинг станица. Истата е од големо значење за целиот охридско-преспански слив.
Годинава во Охрид за прв пат се организира алтернативно културно лето
За секоја недела во период од речиси два месеци, подготвена е разновидна и богата програма, во која се вклучуваат многу луѓе од урбаниот живот во Охрид, млади и креативни луѓе кои сликаат, фотографираат, танцуваат, глумат, играат и свират, кои се дел од таканаречената „КУЛТУРОЛОШКА ИНИЦИЈАТИВА 5 до 12“.
„Младинско будење“ во Струга
Утре во 19 часот, во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци”иницијативата за основање на локален младински совет во Струга организира настан „Младинско будење“ преку кој младите од општина Струга на креативен начин и различни активности ќе можат да го искажат своето мислење за младиските проблеми на кои тие наидуваат.