Писмо со закани од терористичка организација добил Јовески
Закани по живот добил јавниот обвинител Љубомир Јовески поради кривичен предмет кој бил завршен во декември 2021 година. Заканата, која била испратена преку препорачана пратка била од „терористичка организација која се бори и убива за неправда“. Заканата била напишана на два јазика, македонски и англиски јазик.
Јубилејно издание на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“
Годинава на колонијата учествуваат 35 уметници од сите страни на светот, како и 12 млади талентирани уметници, кои што ќе творат со своите поискусни колеги во прекрасниот амбиент на Вевчани. На крајот од секоја колонија, а во функција на натамошно афирмирање на уметноста, организаторите издаваат висококвалитетен каталог на македонски и на еден од светските јазици. Потоа примероци од каталогот, се доставуваат на поголем број еминентни институции и личности од светот на уметноста.
Георгиески денес го најави концептот 365 дена ДЕСТИНАЦИЈА
Кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата, Константин Георгиески денеска го најави концептот 365 ДЕНА ДЕСТИНАЦИЈА, 365 дена можности за сите. Тоа ќе значи поттик за економска активност за локалните бизниси и поголемо задоволство за гостите преку целата година, кажа Георгиески. Додаде дека во таа насока ќе се креира интернет портал и апликација „Цел Охрид на клик“.
МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО ОХРИД
Викендов во Охрид започна јубилејната десетта Меѓународна научна конференција посветена на безбедноста, која се одржува во организација на Факултетот за безбедност од Скопје во партнерство со Фондацијатa „Ханс Зајдел” и Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување.
Охридските пензионери спортисти севкупни победници на 24-те регионални спортски натпревари во Струга
Викендов во Струга се одржаа 24-те Регионални спортски пензионерски натпревари од ју-гозападниот регион.На натпреварите учествуваа окоу 300 пензионери од ЗП Кичево,Охрид,Струга ,Дебар, Македонски Брод, Вевчани и Лабиништа,кои се натпреваруваа во 11 спортски дисциплини, во екипна и поединечна конкуренција.
И македонците ги има во „Panama papers“
На интернет страницата на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи, каде станаа достапни материјалите наречени „Панамските документи„, од Македонија се појавија три лица: Роланд Златку, Слободан Спасовски и Александар Пановски, пренесува „еМагазин“.
ЗАПОЧНА ЧЕТВРТОТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „СЛОВЕНИЈА ВО ОХРИД“
Со целовечерен концерт по повод Денот на државноста на Република Словенија , викендов на сцената на Долни Сарај започна годинешното издание на фестивалот „Словенија во Охрид“.
Откриена е тајната на Бермудскиот триаголник?
Вистината за исчезнувањето на бродовите се крие на дното од морето
Во среда крводарителска акција за потребите на охридските болници
Со цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид во летниот период, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира на 26-ти јуни, среда, во просториите на ОСУ Св.Климент Охридски-Гимназија. Акцијата ќе се реализира во периодот од 9-13 часот.