Skip to main content
Јул 3, 2019

Општина Охрид упатува апел до сопствениците на стари и хаварисани моторни возила, кои се поставени на сообраќајниците, паркинзите, тротоарите и другите јавни површини, истите да ги отстранат во рок од три дена.


Мај 12, 2016

Германската амбасада во Скопје соопшти дека германскиот специјален претставник за Македонија Јоханес Хајндл денеска и утре во Скопје ќе разговара со претставници на четирите партии, потписнички на Пржинскиот догово, Пренесува „Радио слободна Европа“.


Јул 3, 2019

Од РЕ Водовод Охрид информираат дека поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес, од 08:30 часот има прекин во водоснабдувањето на улицата „Јордан Мијалков“, а исто така има намален притисок во населбата Бејбунар, селата Лескоец, Велгошти, Лакочереј и во населбата Црногорци.


Мар 17, 2016

Internet in Real Time евидентира дека Facebook заработува 48 долари во секунда


Јул 3, 2019

По „Долни сарај“, ова лето на плажата „Cuba Libre“, во четврток, на 18-ти јули 2019 година, со почеток по 21:00 часот ноќ посветена на еден од најголемите и највлијателните рок бендови воопшто во музичката историја, легендарните Pink Floyd.


Мај 18, 2015

Лидерите на четирите најголеми партии, Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, денеска ќе ја одржат втората средба, со цел изнаоѓање решение за излез од политичката криза.


Јул 2, 2019

На паркингот кај Ваикики наместо автомобили ќе има тезги. Од ЈП „Градски пазар“, кое стопанисува со просторот велат дека ќе праватмини базар, па сите продавачи на храна и сувенири кои сега се распрскани низ чаршијата ќе бидат стационирани таму.


Дек 2, 2014

Охриѓани на операција одат во соседна Струга. На струшкото хируршко одделение една третина од пациентите се од Охрид, информира директорот на Општа болница Струга. Додека пак според статистика на охридската Општа болница, хируршкото одделение во Охрид, бележи зголемување на бројот на операции. Од таму тврдат  дека ниту еден пациент не бил препратен на друга клиника но додаваат дека пациентите и сами одлучуваат каде ќе се оперираат.


Јул 2, 2019

Технички проблеми со поставување на системот за видео надзор кај Горна Порта и црквата Каменско за влез во стариот дел од градот го пролонгирале првично планираниот термин за примена на целосниот летен сообраќаен режим кој треба да го намали сообраќајниот хаос во екот на туристичката сезона. Во моментов со измени се одвива сообраќајот само во централното градско подрачје.