Skip to main content
Ное 14, 2014

Започнува со работа Бизнис центарот во Струга, кој ќе функционира во рамки на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.


Јун 10, 2019

Предлог одлуката за изменување и дополнување на буџетот на Општина Охрид за 2019 год. ги разбранува страстите на советниците од ВМРО ДПМНЕ. Тие сметаат дека нема никаква оправданост за ваквиот ребаланс земајќи го во предвид фактот дека годинава општината имала најголем буџет до сега. Градоначалникот Константин Георгиески вели дека ваквите обвинувања се неосновани и спинувани. Ребалансот на буџетот се прави бидејќи општината има заостанати долгови кои мора да ги подмири кон правни и физички лица,а кои се направени од претходните локални власти.


Мај 31, 2013

Спортскиот директор на францускиот шампион ПСЖ, Леонардо, е суспендиран на девет месеци поради туркање на судијата по натпреварот со Валенсиен.


Дек 16, 2021

Невремето предизвика поголеми оштетувања на електричната мрежа во туристичката населба Елен Камен во струшко. Искинати електрични кабли кои искрат и може да предизвикаат пожар, ги загрижуваат мештаните, кои бараат надлежните да интервенираат.


Јун 10, 2019

Градот воведува премиум зона на паркирање по цена од 100 денари од час , а ќе се прошири Б зоната на паркирање со пониска цена од досегашната. Ќе се редуцира сообраќајот во Стариот дел од градот по препораките на Унеско. Наскоро ќе стартува и летниот режим на сообраќај.


Окт 6, 2021

Долгиот сушен период и испуштањето на вода за потребите на хидроелектраните дополнително го намалија водостојот. Од УХМР ги демантираат објавите кои осамнаа на социјалните мрежи дека намерно е исклучена информативната табла за мерење на водостојот на Охридското Езеро.


Јун 10, 2019

Прекината  дваесет и осмата седница на советот на Општина Охрид, поради тепачка помеѓу двајца советници.


Јун 10, 2019

Ве известуваме дека од денес, 10.06.2019 година, (понеделник), Општина Охрид ќе започне со изведување на градежни активности за обележување на хоризонтална сигнализација на територијата на општината.


Мај 4, 2016

Понекогаш збунувачкото движење на цените на нафтените деривати е резултат на сложеноста на механизмот со кој државата ги контролира малопродажните цени на горивата.