Дезинформација е дека од вакцините против ковид-19 луѓето имаат имунодефицитарен синдром
Ниту Светската здравствена организација ниту Европскиот центар за контрола и превенција на болести немаат документирано болест или состојба позната како „вакцинален имунодефицитарен синдром“ (антиваксерските кругови уште го нарекуваат и ВАИДС). Истражувањето од Центарот за контрола и превенција на болести на САД покажува дека вакцините против ковид-19 го засилуваат имуниот одговор.
Се одржа IV Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“
Викендов се одржа IV-та Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ во манастирскиот комплекс „Св. Спас“ во Горно Лакочереј со почеток во 13 часот.
Донев: Гарантираме инвестирање и создавање услови за спортување на сите генерации
За Охрид гарантираме инвестирање и создавање услови за спортување на сите генерации, порача носителот на листа од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Сашо Донев. Тој најави изградба и реконструкција, опремување на спортските сали, фудбалски и тениски игралишта, организирање и субвенционирање голем број спортски настани и поддршка на спортските таленти.
Ансамблот „Отекс“ вечерва ја започнуваат големата француска турнеја
Членовите на Фолклорниот ансамбл „Отекс“ од Охрид, чуварите на фолклорното наследство од регионов, вечерва ја започнуваат големата франсцуска турнеја.
Четвртиот меѓународен гастрономски натпревар „Гастро Мак“ 2019 ќе се одржи во Охрид
Раномирани светски готвачи и шефови на кујни ќе бидат дел од Четвртиот Интернационален гастрономски натпревар – „Гастро Мак”, кој ќе се одржи од 10-ти до 14-ти октомври 2019 година во Охрид. Овој континентален гастрономски настан е во организација на Националната асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Рeпублика Северна Македонија поддржана од Министерството за култура и Општина Охрид.
Отворен Канскиот филмски фестивал
„Да живее филмот, да живее Кан, да живеат жените“, извикнаа францускиот актер Винсен Линдон и неговата американска колешка Џесика Частејн отворајќи го во средата вечерта 69-то издание на филмскиот фестивал во Кан, кој според програмата и учесниците е најголемиот собир во филмскиот свет, а годинава се одржува под силно полициско обезбедување.
Марија Влардингербрук, жената која прва носела организирани тури холаѓани во Охрид
Извршната директорка на туристичка агенција која прва носела гости од Холандија во Охрид во времето на поранешна Југославија псоле 30 години во посета на градов, овојпат како турист. Градот се изменил, се изградил но љубезноста на домаќините кон туристите е се уште иста, вели поранешната мисица на Ротердам, Марија Влардингербрук.
Samsung создава нова социјална мрежа
Waffle е мрежа за интеракција по пат на фотографии
Петкоска: Централната власт да го сопре дивеењето на урбаната мафија во Охрид
Од општинската ВМРО ДПМНЕ ја повикуваат централната власт веднаш да преземе мерки во врска со градењето на бетонската база на брегот на Охридското Езеро. Охрид ризикува да го изгуби статусот на град заштитен под УНЕСКО поради самоволието на локалните моќници, изјави денеска советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Лидија Петкоска.