Skip to main content
Јун 14, 2019

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на Одлуката на Советот на Општина Дебрца, за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Дебрца, како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје ќе преземе соодветни мерки за заштита.


Мај 6, 2016

Граѓанските организации Go Green, Ајде Македонија и Грашница, заедно со претставници на туристичкиот и јавниот сектор во Македонија организираат серија акции за чистење на отпад во Скопје, Охрид, Демир Капија, Маврово и Крушево во насока на поддршка на активностите во туризмот во Македонија, но и за јакнење на јавната свест за проблемот со отпадот особено во туристичките дестинации.


Јун 14, 2019

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 16. јуни 2019 година (недела), во црквата  „Света Троица“ (населба Црногорци) – Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св.Троица) – Педесетница“ со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.


Мар 11, 2016

Се верува дека хакерите кои стојат зад нападот “избегале” со 80 милиони долари


Јун 14, 2019

Во сабота 15 јуни, во Охрид по осумнаесетти пат ќе започне меѓународниот натпревар на млади музичари  „Охридски бисери“ 2019. Во пет натпреварувачки денови, во салата на Градското собрание на градот Охрид, ќе настапат осумдесетина учесници од Европа. Годинава на програма се дисциплините дувачки инструменти, флејта, обоа, кларинет, саксофон, труба, хорна, тромбон и камерна музика во различни состави со споменатите инструменти.


Мај 14, 2015

Доцна синоќа, сепак, опозицискиот лидер Заев бил убеден да дојде на лидерска средба утре, откако бил уверен дека на неа ќе присуствуваат амбасадорите Бејли и Орав.


Јун 13, 2019

Храната во земјава е со сомнителен квалитет. Се случувало да се открие  млеко, месо, зеленчук,па дури и  минерална вода со несоодветен квалитет, што предизвикува штетни  последици врз здравјето на луѓетo.


Ное 15, 2014

Работливоста и чесноста се важни во бизнисот, а јас тоа максимално го наследив од мојот татко и тргнав по неговите стапки за да го продолжам семејниот бизнис на шест генерации, вели генералниот директор на Месната индустрија Билјанови од Струга. За нецела година на пазарот за производство на месо, нивното прво претставување на регионалниот натпревар во Црна Гора беше крунисано со две престижни награди.


Јун 13, 2019

Проблемот е стар со децении од изградбата на колекторскиот систем. Од претпријатието за одржување на колекторот информираат дека станува збор за истек на вишок на вода, а интензивно работат на положната пумпа за забрзување на протокот на вода на пумпната станица кај Подмоље.