НБА ветеранот Џејсон Кид во пензија
40-годишниот НБА ветеран Џејсон Кид одлучи да стави крај на својата богата кошаркарска кариера и да замине во пензија.
Водици неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
Водици е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.
Измени во режимот на сообраќај во дел од стар град
Поради изведување на градежни зафати за санација на мрежата за атмосферска канализација, почнувајќи од 17.06.2019 ( понеделник) па во наредниот период, делот на ул. „Коста Абраш“ на потегот од пресекот со ул „Самоилова“ па се до Долна Порта ќе биде целосно затворен за сообраќај во периодот од 07 до 17 часот.
Денес во Охрид врнежливо со температура до 13 степени
Времето денеска во Охрид облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат обилни, со пороен карактер и засилен југоисточен ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд.
Тече процесот на бесплатно микрочипирање на домашните миленици
Досега во Охрид се регистрирани над две илјади кучиња домашни миленици. По заокружување на процесот до крајот на годината од АХВ најавуваат поригорозни контроли за сопствениците дали ги почитувале законските прописи за вградување микрочипови и дали ги вакцинирале против беснило.
ВО ВТОРНИК ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ, ПЧЕЛАРИТЕ ВО ДЕБРЦА ДА ГИ ЗАШТИТАТ ПЧЕЛНИТЕ СЕМЕЈСТВА
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на Одлуката на Советот на Општина Дебрца, за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Дебрца, како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје ќе преземе соодветни мерки за заштита.
Помалку отпад за поатрактивни туристички локации
Граѓанските организации Go Green, Ајде Македонија и Грашница, заедно со претставници на туристичкиот и јавниот сектор во Македонија организираат серија акции за чистење на отпад во Скопје, Охрид, Демир Капија, Маврово и Крушево во насока на поддршка на активностите во туризмот во Македонија, но и за јакнење на јавната свест за проблемот со отпадот особено во туристичките дестинации.
Богослужби по повод празникот „Ден на Светиот Дух – Духовден“
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 16. јуни 2019 година (недела), во црквата „Света Троица“ (населба Црногорци) – Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св.Троица) – Педесетница“ со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
Хакерите изведоа еден од најголемите грабежи на банка во историјата
Се верува дека хакерите кои стојат зад нападот “избегале” со 80 милиони долари