Лажно се имплицира дека смртта на 49 годишна жена од Куманово има врска со вакцината
Пациентката на возраст од 49 години починала како последица на коронавирусот, а не поради вакцината, иако била вакцинирана со 1 доза. Тоа што некој се вакцинирал со една доза, не значи дека неговото тело создало имунитет и дека е отпорен на заразување. За да се создаде имунитет потребна е втора доза, но и да помине одреден временски период од нејзиното примање, којшто е различен за секој производител на вакцина. Постот манипулира на тој начин што селективно ги прикажува податоците и ги вади од контекст. За таа цел намерно не е наведено дека пациентката починала од ковид, туку само се кажува дека таа примила прва доза вакцина по што починала.
Ерупција на вулканот Мерапи во Индонезија
Вулканот на планината Мерапи, на индонезискиот остров Јава, еруптираше рано утринава, исфрлајќи облаци чад, соопшти Националната геолошка агенција, пренесе ДПА.
Грција ќе испрати 20 000 дози вакцини за Македонија
Грција во координација со Европската Комисија, за нивните соседи Македонија и Албанија понуди по 20 000 дози вакцини.
Општините Дебрца, Струга и Вевчани добија механизација со пари од Светска Банка
Општините Дебрца, Струга и Вевчани на трајно користење доби универзален ровокопач, со придружна опрема хидрауличен чекан и даска за снег марка Hidromec.
Од Охридското езеро е извадена артилериска граната од Првата Светска војна
Вчераутро околу 06:30 часот, од водите на Охридското езеро е извадена артилериска граната 75mm од Првата Светска војна, со превземени безбедносни мерки, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Последни тренинзи пред стартот на 15та меѓународна регата во кајак на мирни води „Охрид 2015“
Условите според организаторите на регатата се идеални за постигнување на одлични резултати. Официјалниот натпреварувачки дел ќе се случува во текот на утрешниот ден, на кој ќе настапат кајакари од повеќе држави од соседството и Европа.
Ќе се реконструира охридската Гимназија
Се прават подготовки за реконструкција на охридската Гимназија. Планирани се внатрешни зафати за подобрување на училишните услови, но и уредување на школскиот двор. Oбјектот е заштитен како недвижно културно наследство и се чека конзерваторско одобрение.
68 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Охрид
Денеска (05.12.2021) од 11 до 15 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведена е акциска контрола на брзината со која се движат возилата. Притоа, санкционирани се 68 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина.