Научната фела загрижена, со губење на статусот на УНЕСКО градот ја губи и главната туристичка вредност
Во охридскиот регион времено се прекинуваат постапките за издавање одобрение за градење и легализација на дивоградби.
Првото коло на Ролан Гарос, без изненадувања
Во 1-то коло на Ролан Гарос некогашниот најдобар тенисер на светот, Роџер Федерер, без поголеми проблеми го совлада Шпанецот Карено-Буста со 3:0, по сетови 6:2, 6:2, 6:2.
Нови изданија на старите, добри лектири
И оваа среда од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид ви презентираат нови изданија од старите, добри лектири со кои растеа генерации деца, а и денес дел од овие изданија се вклучени во образовниот процес и се омилени меѓу младите генерации.
ВИСОКА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД БУГАРИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески денеска оствари протоколарна средба со висока бугарска делегација предводена од амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, неговата екселенција Ангел Ангелов, генералниот конзул на оваа земја во Битола, Димитар Иванов и министерот за образование и наука, Красимир Влчев.
Стадион – дебатна емисија
Ќе се воведе автобуска линија за патници од Елбасан до охридскиот аеродром
ТАВ Македонија, денеска во Елбасан, Албанија, ги претстави можностите за евтини патувања од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид и Меѓународниот Аеродром Скопје за граѓаните на Албанија, на средба со локалните туристички агенции во овој град во централниот дел на Албанија.
Од НВО Фронт 21/42 на Владата и порачаа : Наместо да креира илузија, да се посвети на заштитата на Охридскиот регион
Вистинската грижа ќе започне кога ќе се донесе мораториум кој целосно ќе се почитува и ќе влезе во одлучна и храбра борба против дивоградбите, сметаат од Фронт 21/42 кои од 2010 година беа дел од работната група на предлог законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.
Велигденски производи од детските раце
Неуморните волонтери на Црвен крст Охрид и вредните рачиња на децата со посебни способности од Охрид, децата од социјално загрозени семејства и децата од згрижувачки семејства, волонтерите од оригами клубот, на креативни работилници организирани овој викенд во Црвен крст Охрид, изработуваа декоративни, украсни предмети наменети за хуманитарни продажни изложби кои во текот на деновите пред и после велигденските празници ќе бидат организирани на јавни места во нашиот град. Целта е да се соберат средства за помош на ранливите категории.
„Балканска 3а/II“, ново од охридскиот театар
Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид / Народен Театар Охрид, подготвува нова театарска Премиера на претставата „Балканска 3а/II“” по драмата на Дејан Дукоски, во режија Ана Батева, сценографија и костими: Борис Георгиев, музика: Стефан Здравески.