Дали Охрид летово ќе биде сардисан од комарци
Дали Охрид летово ќе биде сардисан од комарци. Тендерот кој го распиша Локалната за избирање најпогодна фирма која ќе врши дезинсекција на подрачјето на Охрид го доби фирма од Кавадарци која понудила толку ниска цена што стручните лица се вчудоневидени како воопшто ќе ги набави потребните средства за вршење на оваа не така едноставна постапка. Од Центарот за јавно здравје од Охрид бараат да им се даде овластување да ја контролираат целата постапка како не би дошло до некаква злоупотреба.
Бенитез на кормилото на Наполи
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис на својот профил на Твитер потврди дека Рафаел Бенитез е новиот тренер на фудбалерите од Неапол.
Одговорете на нашиот прашалник на тема здравство
Здравствениот систем во Македонија години наназад се соочува со сериозни
проблеми, посебно јавното здравство.
Еко-свест: Охрид ќе се најде на листата на загрозено светско наследство и таквата одлука ќе биде праведна
Државата потфрли во заштитата на охридскиот регион и ништо драстично нема да се промени до конференцијата во Баку, велат од Еко Свест.
Николески : Лицата со посебни потреби ќе бидат активно вклучени во одлучувањето во општините
Како и досега, ќе продолжиме да работиме за создавање на услови за активно вклучување на лицата со посебни потреби во одлучувањето во општините. Работиме на целосна интеграција на лицата со посебни потреби во општеството, рече на денешната прес конференција Ристо Николески, кандидат за советник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Тој најави отворање на канцеларија за лица со посебни потреби во рамки на локалната самоуправа, каде ќе бидат вработени лица од оваа категорија кои се работноспособни.
Долготрајниот дождлив период го загрозува родот на коскестото овошје
Охридските одгледувачи на цреша стравуваат дека годинешниот род ќе им се уништи ако продолжат врнежите. Совет до овоштарите веднаш да се искористи првиот сончев ден за да се испрскаат стеблата и заштитат од болеста мунилија.
Наместо екстерно, за основците национално тестирање од септември
Во новиот Закон за основно образование кое го изготвува Министерството за образование и наука (МОН), ќе биде вметнато и новото т.н. национално тестирање, кое заедно со другите измени и новини, ќе започне да се реализира од претстојниот септември.
16 медали за „Хваранг ИТФ“
Теквондистите од клубот „Хваранг ИТФ“ од Лескоец, Охрид викендов настапија во Нитра, Словачка, на еден од најсилните турнири во централна Европа.
Пропусти во изградбата на автопатот Кичево-Охрид, се бара нов проектант
Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за докомплетирање на проектната документација за делницата долга 57 километри, за која државата за нејзината изведба ќе треба да издвои вкупно 598 милиони евра.