Фејсбук објава дезинформира дека со тестовите се краде ДНК
Тестирањето е всушност земање на брис подлабоко од грло и нос со стапче со памучен врв, трае неколку секунди и е безбедно, како и секое друго земање брис коешто сите ние сме го правеле многупати досега за разни други бактерии и вируси. Примерокот потоа се тестира во лабораторија за да се види дали е присутен генетски материјал, наречен РНК, од вирусот. Нема докази дека овој тест некогаш се користи за да се идентификува ДНК на некое лице.
Општина Охрид една од општините која доби пари за рурален развој
Преку Програмата за рурален развој, која се спроведува од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, од буџетот на Република Северна Македонија, обезбедени се финансиски средства од околу 38 милиони евра, за реализација на 202 проекти во сите општини и плански региони.
Кичеец : Слушаме само ветувања, а никаква одговорност од двете партии кои 30 години се менуваат на власт
По десет дена од почетокот на изборната кампања се слушаат само ветувања, а никаква одговорност од двете политички партии кои триесет години се менуваат на власт, истакнаа на прес конференција од независната советничка листа „Охрид пред се“. Јавно не се извинија за нереализираните претходни големи ветувања. Во идниот Совет на општина Охрид на поддршка може да сметаат само оние кои го почитуваат својот народ и својот јавно даден збор, порачаа од „Охрид пред се“.
Отворен Инвестициски камп во Охрид на ФТУ
Поддршка ќе добиваат младите луѓе кои ќе може да стартуваат свои бизнис компании. Нивните идеи ќе добиваат логистичка, финансиска и експертска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој и партнерите во реализација на проектот.
Кон крајот на годинава ќе започне санацијата на колекторскиот систем
До март следната година се очекува конечно коекторот да биде функционален и да одговори на својата намена, заштита на Охридското езеро од загадување.
30 години од најголемата нуклеарна катастрофа која ја памети човештвото
Украина и светот одбележаа 30 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил, со комеморација и серија настани во сеќавање на најлошата цивилна нуклеарна катастрофа во светот.
Членови на ПЕН ќе одржат Меѓународно литературно читање во Охрид
Во рамките на 17.Регионална конференција на македонскиот ПЕН Центар – Преспа утре – сабота во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи Меѓународно литературно читање.
ЕУ објави најнови податоци за влез на мигранти за 2015 година
Повеќе од една третина на баратели на азил се регистрирани во Германија
Од понеделник во НУ Библиотека „Григор Прличев“ летна шема
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 10 јуни до 30 август годинава ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот.
Во терминот од 08:30 до 16.00 часот читателите ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги.