Николески : Лицата со посебни потреби ќе бидат активно вклучени во одлучувањето во општините
Како и досега, ќе продолжиме да работиме за создавање на услови за активно вклучување на лицата со посебни потреби во одлучувањето во општините. Работиме на целосна интеграција на лицата со посебни потреби во општеството, рече на денешната прес конференција Ристо Николески, кандидат за советник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Тој најави отворање на канцеларија за лица со посебни потреби во рамки на локалната самоуправа, каде ќе бидат вработени лица од оваа категорија кои се работноспособни.
Долготрајниот дождлив период го загрозува родот на коскестото овошје
Охридските одгледувачи на цреша стравуваат дека годинешниот род ќе им се уништи ако продолжат врнежите. Совет до овоштарите веднаш да се искористи првиот сончев ден за да се испрскаат стеблата и заштитат од болеста мунилија.
Наместо екстерно, за основците национално тестирање од септември
Во новиот Закон за основно образование кое го изготвува Министерството за образование и наука (МОН), ќе биде вметнато и новото т.н. национално тестирање, кое заедно со другите измени и новини, ќе започне да се реализира од претстојниот септември.
16 медали за „Хваранг ИТФ“
Теквондистите од клубот „Хваранг ИТФ“ од Лескоец, Охрид викендов настапија во Нитра, Словачка, на еден од најсилните турнири во централна Европа.
Пропусти во изградбата на автопатот Кичево-Охрид, се бара нов проектант
Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за докомплетирање на проектната документација за делницата долга 57 километри, за која државата за нејзината изведба ќе треба да издвои вкупно 598 милиони евра.
Forbes ја објави листата на најбогати луѓе во светот
Во 2016 во светот има 1810 милијардери што е за 16 помалку од пред една година
Охрид сеуште трчаТ
Третото издание на Атлетскиот викенд Охрид трчаТ, помина беспрекорно. Многубројните учесници не ги спречи ниту дождот за да истрчаат на петкилометарската или десеткилометарската патека низ улиците на градот. Организаторите веќе го најавуваат четвртото издание на оваа манифестација кое по многу параметри ќе биде за паметње. Се планира да се одржи полумаратон со должина од 21 километар.
Оставки на Мијалков, Јанкулоска, Јанакиески и Ставревски
Заев со реакција за неотповикливите оставки
На прагот на туристичката сезона плажите сè уште не се издадени под концесија
Концесионерите на охридските плажи чии договори се истечени кажуваат дека летово ќе работат на диво. Додека простапката за преземање на ингеренциите од страна на централната власт се оддолжи поранешните концесионери велат дека нема да дозволеле градот да остане без уредени плажи и услуга за туристите. Ја повикуваат локалната власт да изнајде начин и со некаква одлука да им дозволи да работат оваа сезона.