„Балканска 3а/2“ е новата премиера на Охридскиот народен театар
Станува збор за инвентивна претстава која содржи црн хумор. Режисерот и сценографот нудат изненадување за публиката. Режијата е на Ана Батева, а играат охридските актери Стаматоски, Тодороски, Стефаноска и Кипроски. Премиерата ќе се случи на 3 јуни кога се одбележуваат и 8 години од формирањето на Охридскиот народен театар.
Најголемата брана во светот пред распукување
Опасноста од распукување на браната е огромна и се заканува на 1,5 милиони луѓе
Скоро секој втор Македонец е активен пушач
Тоа го покажале истражувањата на Институтот за јавно здравје и оптшинските центри за јавно здравје во земјава. Над 40 проценти од пушачите се младо возрасно население, а над 50 проценти од активните пушачи се мажи. Децата првата цигара ја палат на 11 годишна возраст. Денес се одбележува Светскиот ден без тутун,а во фокусот е здравјето на белите дробови.
70000 евра надомест за семејствата на загинатите полицајци
Владата на Република Македонија,на седницата одржана вчеравечер, одлучи на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили да им се додели финансиски надомест во висина од 70 000 евра по семејство, во денарска противвредност.
НЕДЕЛА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ОХРИД
Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни- Светскиот ден на животната средина, првата недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на животната средина“ во која ќе бидат реализирани повеќе активности.
Нов паркинг во СОУ „Нико Нестор“
Нов паркинг доби СОУ „Нико Нестор“ Струга. Овој паркинг простор кој се наоѓа позади училишната зграда ќе биде наменет исклучиво за професорите, кои ќе имаат 30 места на располагање за да ги паркираат своите автомобили. Овој зафат струшката гимназија го реализира со средства од нивниот буџет и со голема соработка со учениците и професорите од стручните паралелки.
РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СТУДЕНЧИШКОТО БЛАТО И РЕГУЛИРАЊЕТО НА СООБРАЌАЈОТ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, ПО ПРЕПОРАКИТЕ НА РЕАКТИВНАТА МОНИТОРИНГ МИСИЈА НА УНЕСКО
Општина Охрид во рамките на своите редовни активности, а согласно својата политика за примена на највисоки стандарди за заштита на животната средина, почитувајќи ја Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство и настојувајќи да ги спроведе сите препораки од Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО (април 2017 г.), на 06.06.2018 година, со почеток во 11 часот, во големата сала на Општина Охрид, организира трибина за Студенчишкото блато и потребата од регулирање на пловниот сообраќај во Охридското Езеро посебно во делот на сместување на пловните објекти во организирана марина.
Десет места наназад казна за Ромен Грожан
Откако беше прогласен за виновен за инцидентот со Рикиардо, Ромен Грожан доби казна од 10 места наназад на стартот од следната трка во Канада.
Јамандиев : Гарантираме изградба на спортска сала во рамките на ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец
„Физичкото образование е еден од најбитните сегменти во севкупниот образовен процес, кој има повеќекратни позитивни ефекти врз идниот развој на младите“. – истакна Наум Јамандиев, кандидат за член на Советот на Општина Охрид.