11-ти октомври неработен ден за сите граѓани
Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), понеделник, 11-ти октомври, Денот на народното востание е државен празник и неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
РК Охрид утре го пречекува Вардар Јуниор во последниот натпревар од плеј аутот
РК Охрид, утре го игра последниот натпревар во машкатата ракометна суперлига. Во последното коло од плеј аутот на домашен терен ја пречекува екипата на Вардар Јуниор. Натпреварот е закажан за во 17 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.
Употребата на „македонско“ не е забранета
Изработена физибилити студија за откупен дистрибутивен центар во охридскиот рeгион
Следува дефинирање на локацијата и основен проект. Овој објект е долго посакуван центар за охридските земјоделци и овоштари. Со неговата изградба корит ќе имаат не само производителите туку и трговците и угостителите кои во моментов на нивните менија ги нема квалитетните локални производи.
Ванеса Меј со нетрпение го чека настапот на „Охридско лето“
Се огласи уметникот, чијшто настап ќе го отвори годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“.
Тајните на Охрид: Јапонските цреши
Денес ви претставуваме еден вистински украс на Охрид, кој веќе седум години го краси нашиов град, јапонските цреши.
Започна промоцијата на новата еколошка кампања „За чисто како дома исто“
Делегацијата на европската унија, предводена од евроамбасадорот Самуел Жбогар ќе ги поддржи таканаречените херои од соседството кои ја започнаа промената и испраќаат моќна порака дека ѓубрето наоколу е наше. А промени настануваат преку давање пример од страна на поединци или на општините.
Новите реакции на Facebook стануваат проблем за политичарите
Корисниците на Facebook му дадоа до знаење што мислат за него
Празна и заклучена е продавницата на Нефа-мебел во Охрид
Досега само еден купувач поднесол претставка до Државниот пазарен инспекторат-одделение Охрид. Од инспекторатот велат излегле веднаш на терен, но неможат ништо да направат бидејќи салонот е затворен.Советуваат купувачот да покрене приватни тужба за измама.