Развојни проекти за нормално функционирање на планските региони
Министерството за локална самоуправа ги прави сите напори да обезбеди нормално функционирање на Центрите за развој во осумтте плански региони, бидејќи истите се идентификувани како значајни субјекти кои можат да придонесат за регионалниот развој во Македонија преку развивање на проекти со значаен импакт во споменатите територијално-просторни целини, а и за надминување на дисбалансите што постојат во државата.
Охридските овоштари ги фрлаат скапаните јаболка кои не успеаа да ги продадат
Дел од есенскиот род на јаболката од охридските регион заврши на нивите и покрај речните корита. И додека едни овоштари се лутат на државата, реалните повикуваат на менување на навиките и спасот го гледаат во здружување и едукација на овоштарите.
Игрите на „Пирели“ во Ф1
Pirelli конечно свати дека го уништи тркањето во Формула 1 и размислува за промена на овогодинешните компоненти пред Британското Гранд При.
Двојно зголемен бројот на пациенти на детското одделение во Струга
Двојно зголемен е бројот на пациенти на детското одделение во Струга. Најкритично е во викенди, за празници и ноќна смена. Покрај децата од Охрид, на струшкото одделение наплив има и на деца од Ресен и Дебар.
Зелено Охридско езеро
Љубителите на едриличарството го протежираат концептот Зелено Охридско езеро. Со него ќе се заштити езерото од загадување од штетните горива кои ги користат останатите пловни објекти, а и ќе се стимулираат младите да се занимаваат со овој спорт.
Михајловски : Нашата цел е да ги мотивираме младите да останат во Охрид
„Нашата цел е да ги мотивираме младите да останат во Охрид и да го градат своето семејство и својата професионална кариера тука.“ – порача Бојан Михајловски кандидат за советник од СДСМ и коалицијата. Тој на денешната прес конференција се осврна на проекти за подобрување на условите за вработување и социјалниот живот на младите.
Деновиве во Охрид целосно ќе биде ставен во функција новиот Центар за спасување на планина
Авантуристичкиот туризам освен природните можности прилагодени на барањата на современиот туризам треба да гарантира и безбедност.Тоа значи опрема за брза и безбедна акција и спасување во случај на потреба, како и координација на самите служби.
Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле” во најдобрите три во Европа
Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле” во најдобрите три европски аеродроми со најголем раст во првиот квартал од годинава. Споредено со просечниот пораст на патничкиот сообраќај на европските аеродроми од 4,4 отсто, порастот на аеродромот во Охрид е поголем за 60 проценти.
Конференција на балканската мрежа на музеи
Музејски професионалци од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Македонија, Грција, Косово, Црна Гора, Холандија, Србија, Словенија, Шведска и Обединетото Кралство присуствуваа на една од најголемите музејски конференции на Балканот.