Skip to main content
Јун 30, 2014

На 29.06.2014 година во с.Велгошти, охридско, непознат сторител со употреба на подесен алат извршил тешка кражба во куќата на Д,Т.(63), одземајќи 25.000 евра и патна исправа. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.


Апр 9, 2019

По повод јубилејот ќе се одржи концерт на Christina Diaz Trio, во петок, 12-ти април, со почеток 22:00 часот.


Апр 16, 2013

Францускиот ракометар, Никола Карабатиќ е блиску до трансфер во редовите на Барселона, јавија шпанските медиуми.


Јан 19, 2022

Не е вистинито тврдењето во постот дека Македонија сама решила да го продолжи рокот на фајзеровата вакцина и дека тоа не е случај никаде во светот каде што вакцините се фрлаат. Напротив, Македонија е само една од земјите кои глобално го прифатиле фактот што производителот по своите истражувања, утврдил дека ако не е одмрзната, вакцината може да се користи до 9 месеци од датумот испишан на опаковката. Кај нас тоа е направено во координација со Европската агенција за лекови (ЕМА) и Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, по претходно одобрение издадено од европскиот медицински регулатор, односно ЕМА.


Апр 9, 2019

ЈП Билјанини Извори за активните вработени во Општина Охрид и Јавните претпријатија организира Спортски ден во петок од 10 до 14 часот.


Окт 2, 2021

Претставата „Дух“ вечерва ќе биде премиерно изведена на сцената на охридскиот народен театар. Во претставата покрај актерите од охридскиот ансамбл играат и Верица Недеска и Јовица Михајлоски. Претставата е најава за нормализирање на репертоарот на охридскиот народен театар.


Апр 8, 2019

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ со низа обвинувања до СДСМ во однос на проектите и мерките за развој на туризмот. Владата на СДСМ и Георгиески ги препишуваат проектите од ВМРО ДПМНЕ и ги претставуваат како новитети а не го остваруваат ветеното за развој на туризмот од планот за живот , кажа  прет. на УЖ ВМРО ДПМНЕ Охрид, Лидија Петкоска.


Апр 8, 2019

Митре Милошевски,кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ најави Проект за реконструкција или доуредување на градинки, основни и средни училишта  со цел обезбедување квалитетна настава и креирање можности за унапредување на воспитно-образовниот процес.


Апр 1, 2016

Меѓународно признатата ирачко-британска архитектка Зака Хадид, првата жена којашто ја доби наградата Прицкер, позната во професионалните кругови како „кралица на деструктивизмот“ чии дела може да се сретнат речиси по целиот свет од Америка до Азија, почина во четвртокот во Мајами , објави ирачката државна телевизија.