Улицата „Даме Груев“ раскопана со безброј дупки
Непристапен пат до домовите, земјена улица раскопана со безброј дупки. Ваква е сликата на улицата „Даме Груев“ во Охрид. Револтираните жители кои се засегнати со овој проблем пријавија во рубриката Ти си твојот град на ТВМ телевизија.
Георгиески: Водевме позитивна кампања и понудивме реално остварлива програма
18 дена водевме кампања со високо ниво на политичка култура на што сум горд. Го промовиравме сработеното и реално остварливи проекти за во идниот период, кажа на завршна прес конференција пред изборниот молк, кандидатот за Градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, Константин Геогиески. Обвини дека неговиот политички противник ВМРО ДПМНЕ водел црна кампања со лажни вести, клевети, навреди, и серија напади врз него како кандидат за градоначалник и како вршител на должноста градоначалник на Охрид.
Фотографија од празен штанд искористена за анти-кампања
Нанче: Изградба на меморијален центар на културите во Охрид
Михаил Трендафилов- Нанче кандидат за градоначалник на Охрид, од Граѓанско Демократска Унија, на прес-конференција истакна дека Охрид е симболот на Македонија. Најави изградба на меморијален центар на културите во Охрид.
Милошевски најави низа проекти за поддршка на младите
Mладитe се нашата најголема вредност, нашата иднина. Во мене младите ќе имаат искрен пријател и поддржувач, порача Милошевски. Најави изградба на станови за млади брачни парови, стипендии за талентираните студенти и ученици, бесплатен превоз, отпочнување на сопствен бизнис.
Собранието се распушти, СДСМ не оди на избори
СДСМ нема да учествува на изборите на 5 јуни, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа на прес-конференција. Според него, тие избори ќе бидат лажни. Тој рече дека Договорот од Пржино беше потпишан за да се обезбеди принципот „еден човек еден глас“, но оти избирачкиот список не се прочистува, не се носат реформи во медиумите и не прекинуваат притисоците, пренесува Радио слободна Европа.
Високо признание за Охридско лето на ЕФА самитот во Лисабон
Фестивалот Охридско лето е на високото трето место во Европската Асоцијација на Фестивали.
Две години од мистериозното исчезнување на авионот МН370
Некои фамилии на жртвите од исчезнатиот авион МН370 веруваат дека тие се живи
Дебата
Кандидатите за градоначалник на Охрид, Стевче Стевоски од Демократи, Михаил Трендафилов Нанче од ГДУ, д-р Константин Георгиевски од СДСМ и д-р Митре Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ на ТелевизијА ТВМ дебатираа за проблемите со кои се соочува градот и охриѓани како и за можните решенија содржани во изборните програми. На крајот на дебатата ги запрашавме доколку не би се кандидирале за градоначалник за кој од останатите би го дале својот глас. Добивме интересни одговори.