ВМРО-ДПМНЕ од Oхрид најави соодветна пријава за в.д. градоначалникот Константин Георгиески за непочитување на одредбите од Изборниот законик
Спротивно на законите кандидатот за градоначалник Георгиески продолжува со предизборни активности. За СДСМ и Константин Георгиески законите се мртво слово на хартија и тие не важат, обвинија денес на прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Најавија дека ќе поднесат соодветна пријава за непочитување на одредбите од Изборниот законик.
Посебна комисија ќе се грижи за управувањето со Дримскиот басен
Денес Струга дише во знакот на реката Црн Дрим. Во исто време, во петте држави во кои влегува Дримскиот басен, се прославуваше „Денот на реката Црн Дрим“.
Последната недела во март, почнува летно сметање на времето
Последната недела во март започнува летното сметање на времето. Во 2 часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се помрднат за еден час напред. Таа ноќ ќе имаме еден час помалку за спиење.
Синоќа Баерн, супериорен
Јувентус синоќа изгледаше немоќно на Алијанц Арената, Баерн Минхен одигра доминантен натпревар и заслужено победи со 2-0.
19 новозаболени, 1 починато и 1 оздравено лице од Охрид
Во текот на последните 24 часа се направени 3.425 тестирања, при што се регистрирани 494 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
Втора работна сабота за учениците во основните и средните училишта
На 30-ти март учениците ќе бидат на настава со распоред на часови од вторник.
Видео со мигранти му се префрлува на Спасовски
Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против две лица за сечење на трската од езерското крајбрежје
На 16.03.2019 година двете лица се забележани како уништуваат добро под привремена заштита, односно природна реткост. Имено, еден од осомничените во близина на плажата „Версус“ со кајче влегол во езерото и со срп ја сечел трската.
Повторно труење на кучиња во стариот дел на градов
Повторно труење на кучиња во стариот дел на градов. Од расфрланиот отров настрада едно домашно милениче и едно бездомно куче. Труењето на бездомните кучиња колку што е опасно за самите кучиња опасно е и за човекот и околината. Инспекциските служби и овој пат молчат.