13 203 петарди одзеде полицијата од продавница во Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Ш.(47) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.
„Жолта лента за соживот“ или протест
Дали во Охрид ќе има жолта лента за соживот или протест ќе се знае најверојатно во понеделник. За тогаш од Државниот градежен инспекторат најавија дека ќе ислезат со став во врска со нелегалните градежни активности на Али Пашината џамија. Инспекторат во корелација со Министерството за транспорт и врски и Управата за заштита на културно наследство работеле на предметот со џамијата и ги утврдувале надлежностите. Од Здружението Совест чекаат да се исполнат ветувањата кои ги добија на средбата со Премиерот, инспекторатот да постапи по закон.
Се подобрува оралното здравје кај охриѓани
Опаѓа индексот на појава на кариесни заби кај децата. Националната стратегија за подобрување на оралното здравје дава резултати, информираат од превентивната детска стомотологија при ЈЗУ „ Здравствен дом“ Охрид.
„Џган“, најновото македонско филмско остварување доаѓа во Охрид
Од следната недела новиот македонски игран филм „Џган” ќе почне да се прикажува низ центрите за култура во повеќето градови низ републикава.
Акција за чистење во 8.ма урбана заедница
Ј.П.„Охридски Комуналец„ по сопствена иницијатива спроведе акција за чистење на површините кои не се јавни околу станбените згради во 8.ма урбана зедница . Опфатени се улиците: „Никола Карев„, „Галичица„ и ул.„АСНОМ“.
Хрватската претседателка го освои Facebook со видео-записите од ракометниот натпревар
На воодушевување на голем број корисници тие ѝ порачаа да остане до финалето
Светски ден на водите 2019
Центар за јавно здравје Охрид се приклучува на глобалната кампања и одбележување на 22 март, Светскиот ден на вода со истакнување на дел од проблемите и насоките и препоракитеза дејствување со цел надминување на истите.
Климатски предизвик: „Твојот град, од тебе зависи“
Климатскиот предизвик: „Твојот град, од тебе зависи“од денес e отворен за сите граѓани на Македонија.
Одделенскиот наставник Маре Ѓоргиоска од ОУ Григор Прличев е избрана меѓу 9те најуспешни македонски наставници
Таа на конкурсот „ Успешни наставници за добри наставни пракси“ од Фондацијата Отворено општество го освои второто место за креирање на инвентивна настава. На училиштето му донесе вредна награда од дидактички средства.