Масовни протести најавуваат од Здружението на граѓани Совест
„Совест“до понеделник им даде рок на МВР, Управата за културно наследство, јавното обвинителство и Звод и музеј Охрид да се произнесат со став и да стават крај на нелегалното градење на џамијата, во спротивно почнуваат со граѓански протести.
Среда неработен ден, „Ден на дрвото-засади ја својата иднина”
Во врска со донесената Одлука на Владата на Република Македонија, поради спроведување на акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина”, 3.12.2014 година (среда), е неработен ден за граѓаните на Република Македонија.
Советниците денес ги усвоија извештаите за 2018 од работењето на општината и јавните претпријатија
Советниците денес ги усвоија извештаите за 2018 од работењето на општината, реализираните развојни програми на Локалната самоуправа, годишниот извештај за завршната сметка на буџетот како и годишните извештаи за работењето на јавните претпријатија. Советниците од опозицијата за поголемиот дел од извештаите гласаа против, упатија забелешки во финансиското работење на претпријатијата. Градоначaлникот дециден дека бројките во финансиските извештаи покажуваат нивно позитивно работење.
Кривична пријава за осомничениот за грабежот на струшката златара „Циркон“
ПС Струга поднесе кривична пријава против П.Д.(37) од с. Радолишта, струшко поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“.
Работна сабота за основните и средните училишта
16 и 30 март ќе бидат работни денови за основните и средните училишта во Македонија.
Кризата во велосипедизмот се продлабочува
Германскиот велосипедист, освојувач на Тур д Франс Јан Улрих, на својата блог-страница на „Еуроспорт“ напиша дека и тој имал улога „во она кое што му се случило на велосипедизмот“.
Грипот и настинките не се регистрираат како ковид-19 за да се создаде лажна пандемија
Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот, постои и е реална и не станува збор за лажна пандемија. Тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот низ целиот свет во последната година и половина.Тоа што симптомите на грипот и ковид во одреден дел може да се слични, не значи дека настинка, грип и ковид се една иста работа. А со оглед дека симптомите за сите овие три заболувања се слични, тестирањето и натаму е најдобрата опција за да се утврди од што е некој заразен. ПЦР тестот исклучиво го пронаоѓа коронавирусот и тоа според единствено за Сарс Ков 2 специфични гени – N и E. Овие гени во грипот ги нема. Значи, нее можно на ПЦР панел за детекција на коронавирусот, да биде детектирана инфлуенца или обратно – со тестови за детекција на инфлуенца да биде детектиран коронавирус.
Од понеделник, нова дирекна авионска линија Охрид-Малме
На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во понеделник 18 март, ќе биде промовирана директната авиолинија Охрид – Малме, како и новиот директен лет Охрид – Милано со кои ќе оперира авиокомпанијата „Виз ер“.
Угостителски објекти од регионов дел од првиот водич на „Slow food“ гостилници
Тие добија и ознака црвен полжав на „Slow food International“. Нивна задача е да исполнат стандарди со кои ќе ја подобрат понудата на мениатa и локалниот економски развој со користење продукти произведени во микрорегионот.