Угостителски објекти од регионов дел од првиот водич на „Slow food“ гостилници
Тие добија и ознака црвен полжав на „Slow food International“. Нивна задача е да исполнат стандарди со кои ќе ја подобрат понудата на мениатa и локалниот економски развој со користење продукти произведени во микрорегионот.
СТАРТУВА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД УЧИЛИШНИТЕ СПОРТСКИ ЛИГИ
Пролетниот дел на училишните спортски лиги за основни и средни училишта започнува во петок. Спортските лиги ќе започнат со натпреварите во футсал, кои ќе се играат во балон салата „Климент Колески“ од 09 до 12 часот.
РЕКОРДНИ 135 ИНТЕРВЕНЦИИ НА ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА ОД ОХРИД
Поради високиот број на пожари во првото тримесечие од тековната година, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) имала рекордни 135 интервенции во успешно гасење на пожарите, на територијата на општините Охрид и Дебрца. Од нив, седумдесет интервенции биле на опожарени објекти, 71 на гасење на пожари на отворен простор и 4 интервенции на опожарени сообраќајни средства.
За еден месец, второ поскапување на горивата
Бензините од ноќеска на полноќ поскапија за 2,5 денари за литар, а цената на дизел горивата се зголеми за 1,5 денари, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика.
Здравевски: Охрид оди во погрешна насока, младинските политики се катастрофални
Охрид оди во погрешна насока, младинските политики се катастрофални и ја влошуваат состојбата на младите. СДСМ и кандидатот за градоначалник Константин Георгиески наместо знаењето во Охрид да го соберат, тие го растураат, обвини денеска на прес конференција Александар Здравевски, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
Снежната бура се заканува на 85 милиони луѓе во САД
Авио-компаниите откажале повеќе од 7.100 летови
Фолколорните ансамбли мака мачат да привлечат играорци
Социјалните мрежи и мобилните телефони се најголеми конкуренти на фолклорните ансамбли. Фолколористите мака мачат да обезбедат доволен број на играорци. Основните школи незаинтерсирани да ги организираат учениците во фолклорни секции кои ќе ги негуваат традицијата и обичаите.
Косово бара од Македонија да прекине субвенционирање авиобилети
Косовската Влада покренала жалба против Македонија пред Европската комисија, барајќи земјава да ја прекине праксата на субвенционирање на авиобилети, јавува приштински КТВ.
Одбележување на денот на крводарителството
Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на опШтините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, посветено и совесно ја спроведува. Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во наШиот град.