Пријава за жители на Лескоец и Долно Лакочереј за „незаконит лов“
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Д.(66) од охридското село Долно Лакочереј и С.С.(64) од селото Лескоец.
Инцидентот со девојчето каснато од куче скитник во самиот центар на Охрид ја вознемири јавноста
Од ВМРОДПМНЕ со обвинување дека намесо долгорочно решение, директорот на Охридски Комуналец го презентирал само новиот возен парк. Директорот на Јавното претпријатие пак одоговори дека овој немил настан немало да се случи, доколку учинокот на претходната локалната власт во решавање на овој проблем не беше нула.
„Млади лидери создаваат иднина“
Црвен крст Охрид во соработка со Американскиот мировен корпус во Македонија започнува нова програма „Млади лидери создаваат иднина“ наменета за ученици од прва, втора и трета година средно образование.
Субвенции за зголемување на економската вредност на шумите
Со 5,5 милиони денари годинава ќе се субвенционираат приватните шуми и нивните здруженија. Со овие пари сопствениците треба да ја зголемат економската вредност на шумите.
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СМРТТА НА МАРКО БОШЊАКОВ
Во 11 часот пред спомен обележјето кај неговата родна куќа во стариот дел на Охрид ќе биде положено свежо цвеќе. Точно напладне во просториите на државниот архив во Охрид ќе биде одржан историски час и запознавање со историскиот материјал за Марко Бошнаков.
Смртносна лавина уби ученици
Во лавината во француските Алпи во средата најмалку три лица загинале, од кои две се деца кои биле во групата ученици која скијала со својот професор, соопштија властите.
Ќе се реконструира кружниот тек на пресекот на улиците „Јане Сандански“ и „Питу Гули“
Деновиве ќе започне реконструкцијата на кружниот тек на пресекот на улиците „Јане Сандански“ и „Питу Гули“. Завршена е тендерската постапка, склучен е и договорот со изведувачот, се чека само да се подобрат временските услови.
Во завршна фаза е проектот за конзервација на локалитетот Манчевци во Охрид
Според планираните активности, до крајот на годинава ќе бидат целосно завршени конзервацијата и илуминацијата, со што ќе биде промовирана уште една значајна културно-историска позиција во Старото охридско јадро, во непосредна близина на црквата „Св. Софија“.
Охрид ќе добие нов спортски објект
Охрид ќе добие нов спортски објект. Неодамна беа ставени темелите за изградба на спортска сала во ОЕМУЦ Св. Наум Охродски. Овој проект кој долги години наназад беше најавен, конечно ќе се реализира. Спортската сала ќе се гради на локацијата каде сега е спортското игралиште. Изведувач е ГП „Гранит“ и работите треба да завршат за седум месеци.