Апаратите за анестезија во Општата болница во Охрид oд утре треба да бидат ставени во употреба
Апаратите за анестезија во Општата болница во Охрид кои поради сервисирање еден месец не се во функција, од утре треба да бидат ставени во употреба.
Науме Јованоски претендира да биде кандидат за градоначалник
Науме Јованоски, поранешниот претседател на ОО на СДСМ од Охрид денес официјално објави дека претендира да биде кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на партијата, на претстојните вонредни локални избори. Тој зборуваше за неговите проекции и визијата за натамошниот развој на Охрид како туристичка, културна, духовна метропола.
Тајните на Охрид: Kаналот „Студенчишта“
Денес ви претставуваме едно од најпосетуваните места во градов , каналот „Студенчишта“.
ЗГ „Оревче“ : Да се отфрлат предлог одлуките за легализација на бесправно изградените објекти во АК Градиште
Стотина семејства од Пештани, засегнати со враќање на имотите со денационализација од авто кампот Градиште,бараат како што велат, да се спречи криминалот и да си ги добијат имотите назад. Две децении трае нивната правна битка за враќање на имотите со кои сега стопанисуваат приватни субјекти.
Цената на нафтата своето дно ќе го достигне во првото тромесечие
Нафтените компании и аналитичарите не очекуваат подобрување во 2016 година
ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Локалната администрација сака преку Советот на општина Охрид да протурка штетни и непримерни одлуки
„Неодговорното однесување на локалната администрација никако да запре сакајќи преку Советот на општина Охрид да протурка штетни и непримерни одлуки. Градиште е огледало на тоа како функционира целиот систем на Република Македонија.“ обвинуваат од ДПМНЕ Охрид.
Метар по метар се раѓа автопатот Охрид – Кичево
Метар по метар вредните работници трпеливо ја создаваат траекторијата по која ќе минува новиот автопат. Теренот со исклучително непријатна конфигурација претставува вистинска опасност за работниците, кои со своите машини го пробиваат теренот, пишува „Нова Македонија“.
В.Д ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ НА ПРОСЛАВАТА НА ДЕНОТ НА ГРАДОТ ДУБРОВНИК
На одбележувањето на Денот на градот Дубровник и заштитникот Св. Влахо, присуствуваше и в.д градоначалникот Константин Георгиески.
Струга градот на мостовите, остана без мост
„Сакаме мост.“ Оваа порака е испишана на остатоците од бетонската конструкција од Мостот на љубовта во Струга. Остатоците од мостот, денес се само немо сведоштво, дека пред три години на тоа место имаше мост кој ги поврзуваше двете страни на реката Црн Дрим.