Охридската полиција спроведе зајакнати акциски контроли во сообраќајот на целото подрачје на СВР Охрид
Од СВР со апаел до сите учесници во сообраќајот,да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, се со цел да го дадат својот придонес за подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Страшните тајни на малолетничкиот затвор во Велес
Надвор од контрола е она што се случува во малолетничкиот затвор во Велес алармира народниот правобранител. После двете силувања на малолетници во затворот, во велешката полиција е пријавен нов инциден, објавува „Телма“.
Со планинската трка „Охрид треил“ градот добива нов спортски настан
Убавините на Национачниот парк Галичица ќе се искористат во продолжување на туристичката сезона. Организаторите имаат амбиции трката да прерасне во меѓународна спортска манифестација која кај нас е во подем , а во светот е присутна 15 година.
Пречистителната станица во Враништа повторно го уклучува црвениот аларм кај екологистите
Според најновите испитувања на Центарот за јавно здравје од Охрид, квалитетот на водата која се пречистува таму и потоа се влева во Црн Дрим е од четврта и петта класа.
Оштетувањата на градското пристаниште во Охрид ќе бидат санирани пред годинешната главна туристичка сеозна
Министерството за транспорт и врски за таа цел има издвоено средства и од таму информираат дека градежните зафати ќе започнат штом се создадат услови односно кога тоа ќе го дозволи хидролошката состојба.
Уапсен кралот на местенките?
Медиумите во Италија јавуваат дека на аеродром е уапсено лице кое било осомничено за местење фудбалски натпревари на меѓународно ниво.
Запален Василичарски оган под вода во Охрид
Во Музејот на вода нуркачите од Нуркачкиот центар „АМФОРА“од Охрид на атрактивен и за нив препознатлив начин по третпат под вода го запалија традиционалниот василичарски оган со кој ја најавија Стара нова година.
Ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. Атанасиј Велики“
Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31. Јануари 2019 година (четврток), во метохот на манастирот Св. Наум Охридски – „Св. Атанасиј Велики“ – Љубаништа, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. Атанасиј Велики“, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Од полноќ поевтинуваат бензините, поскапува дизелот
Од вечерва на полноќ се зголемува цената на Еуродизелот, а бензините поевтинуваат. – соопшти Регулаторната комисија за енергетика.