ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА И СТРАНСТВО ПРИСТИГНУВААТ НА ЗИМСКИ ПОДГОТОВКИ ВО ОХРИД
Подготовките во Охрид веќе ги започнаа амбициозните второлигаши Струга Трим Лум и Лабуништа, а допрва ќе доаѓаат останатите македонски клубови и најдобрата женска репрезентација.
Федерер најави двомесечна пауза од тениските терени
Швајцарскиот тенисер Роже Федерер најави дека по турнирот во Индијан Велс ќе паузира со натпревари и ќе му се посвети на семејството.
Во Австралија судиите не се ослободени од вакцинација
Судот во Викторија како независен од извршната власт, самиот се организира и самиот си носи одлука да одржува судења само кога сите учесници се целосно вакцинирани. Судиите не покажуваат отпор кон вакцинацијата. Фактот што владата на Викторија не е онаа што го наметнува задолжителното вакцинирање за судиите, туку тоа го прават тие самите, е тоа што во Австралија се сака да се обезбеди поделба на власта и немешање во извршната во судската власт.
Четири години успешна работа на ОСБС од Охрид
Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на град Охрид до локалната самоуправа достави програма за работа за периодот јануари-април 2019 година. Програмата предвидува реализација на повеќе кампањи насочени кон сите целни групи со посебен осврт кон ранливите категории учесници во сообраќајот. Целта е унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, едукацијта на сите учесници, подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот и намалување на бројот на сообраќајните незгоди.
ICS системи : Бандерата на „Питу Гули“ е безбедна, граѓаните да не се плашат
„Не сме задолжени за менување на уличните столбови туку само за менување на светилките“, информираат од ICS системи компанијата за одржување на јавното осветлување. Појаснуваат зошто импровизирале при поправката на уличниот столб на улицата Питу Гули каде жиците и куќиштето на приклучокот беа прицврстени со самолеплива лента, што наиде на критики од граѓаните.
Општина Охрид доби шанса да се консолидира
Исплатата на обврските кон 70 доверители на кои општина Охрид им должи 470 милиони денари основен долг и уште толку за камати треба да заврши кон крајот на месец јунни.
Подновена работната механизација на јавното претпријатие Охридски комуналец
Набавени се седум современи возила за транспорт на комунален отпад и чистење на градските улици. Граѓаните ќе добијат подобра услуга, а претпријатието ќе работи поефективно и со помали расходи кои досега одеа за набавка на резервни делови за застарените возила.
Поскапуваат горивата за 6%
Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – и од вечерва ќе купуваме поскап бензин и дизел.
СВИКАНА ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседателката на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска ја свика дваесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 05.02.2019 година (вторник) со почеток во 11.00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.