Некој обештетен, а некој оштетен
Советниците од ВМРО ДПМНЕ тврдат дека се направени многу пропусти и злоупотреби при обештетувањето на граѓаните чии домови настрадаа во земјотресот кој го погоди Охрид, а со тоа е оштетен буџетот на државата. В.Д. Градоначалникот Константин Георгиески кажа дека и службите на локалната утврдиле неправилности во исплатата на оштетените и веќе е формирана дисциплинска комисија.
Квалитетот на воздухот во големите македонски градови e очаен
Скопје, Битола, Тетово – ова се градовите во кои се регистрира зголемено ниво на штетни честички во воздухот.
Во Охрид се регистрирани 24.000 граѓани на системот Е персонален данок
Од УЈП очекуваат регистрација на уште околу 3000 илјади граѓани приматели на странски пензии и земјоделци од Охрид. Во јануари е продолжен рокот за регистрација на граѓаните во новиот систем за електронско следење на персоналниот данок кој стапи на сила од јануари 2019 година.
Пронајден хероин во куќа во Струга
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ полициската станица од Струга против Д.У. (67) поднесе кривична пријава.
Се прават завршните подготовки за прославување на големиот христијански празник Богојавлени
Од утре почнува пријавувањето на фаќачите на крстот, а се очекува и пристигнување на казанот каде што ќе се подготви рибната чорба.
Допинг скандал ја тресе и НБА
Хидает Туркоглу, турскиот кошаркарски репрезентативец и играч на НБА тимот Орландо Меџик доби забрана за настап на 20 натпревари поради користење на недозволени стимулативни средства.
По 13-ти пат одржана хуманитарната манифестација „Напред Розово“
Здружението „Борка-за секој нов ден“, во пресрет на месецот октомври, кој е посветен на борбата со ракот на дојка, го одржа 13-то издание на хуманитарната манифестација „Напред Розово“. Во истовреме го одбележуваат и најголемиот хуманитарен настан во Европа „Race for the cure“.
Тепачка во угостителски објект во Струга
На 15 јануари оваа година, во 00.30 часот, во угостителски објект во Струга, лоциран на улицата „Ристо Крле“, нарушен е јавниот ред и мир, пришто, Р.Д.(50)од Струга, се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница.
Музичарите денес на протест пред Влада
Денеска на пладне музичарите излегуваат на протест пред Влада, поради тоа што не се задоволни од новите протоколи.