Уште седум илјади фирми треба да воведат фискален апарат со GPRS уред
Даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзниците кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи) треба најдоцна до 31 октомври 2014 година да воведат и регистрираат фискален систем на опрема со GPRS уред.
Започнаа подготовките за Богојавление
Координативното тело за организирање на манифестациите поврзани со празникот „Богојавление Водици“, денес, одржа работен состанок. На состанокот беше присутен и в.д. градоначалникот Константин Георгиески.
Советот на општина Струга ја одржа 12 тата седница
Советот на општина Струга ја одржа 12 тата редовна седница. Кратки дискусии и забелешки струшките советници имаа околу завршната сметка на буџетот на општина Струга за 2013 година, дел од нив сметаат дека средствата наместо да се користат за развојни проекти истите се трошеле за административни трошоци.
Над 500 коледарчиња на годинешната Бадникова поворка
Повеќе од 500 коледарчиња ќе земат учество во годинешната 6та по ред Бадникова поворка во Охрид. Годинава на охридските бадникари ќе им се приклучат и поворки од Велгошти и од општина Дебрца, најавуваат организаторите.
Шест месеци пауза од скијањето за Линдзи Вон
Успшена операција врз американската скијачка ѕвезда. Следува период на рехабилитација.
Изменет режим на сообраќај во центарот на Охрид
Поради изведување градежни работи на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид, СВР Охрид информира дека во наредниов период на сила ќе биде изменет режим на сообраќај.
Од ЈП Билјанини извори донираа храна за сограѓаните во социјален ризик Божик
Храна донираа уште три општествено одговорни компании пекарниците Жито леб и Феникс , слаткарницата Палма. Апелираат оние кои се во можност да се вклучат во вакви акции да се направи банка за храна наменета за луѓето кои се на работ на егзистенција.
Диви трки, брзо возење на мотори низ Охрид
Граѓаните се жалат дека на повеќе сообраќајници во Охрид се одржуваат диви трки, се турираат и брзо се возат мотори во урбана средина. Од СВР Охрид потврдуваат дека евидентирале такви појави и изрекле санкции кон мотоциклисти за низа прекршоци од Законот за безбедност во сообраќајот. Од Мото клуб Охрид апелираат до родителите да не им овозможуваат на своите деца мотоцикли без претходно да им обезбедат стекнување знаења и способности за правилно и безбедно учество во сообраќајот.
Три објекти од културното наследство ќе бидат приоритет за заштита
Меѓу позначајните проекти на кои ќе се работи во 2019 година примат е ставен на црквата Св. Богородица Челница и Римската бања на Плаошник. На Самоилова тврдина ќе се продолжи со започнатите зафати за ревитализација на просторот.