Општина Охрид го изгласа буџетот тежок над 25 милиони евра
Во основниот буџет е вкалкурирана и сумата од около 500 милиони денари со кои Владата интервенираше за раздолжување на општината. Најголем дел од буџетот ќе се потроши на капитални инвестиции во образованието меѓу кои е планирана и изградба на детска градинка.
„Рибарите“ утре играат со ФК Гостивар
Во петтото коло од Втората македонска фудбалска лига – запад, екипата на ГФК Охрид Лихнидос утре ќе игра на гостински терен против екипата на ФК Гостивар.
ДЕЧИЊАТА ОД ЈОУДГ „ЈАСНА РИСТЕСКА “ ГО ПРЕЧЕКАА ДЕДО МРАЗ НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ
Видно возбудени, со широки насмевки на лицата, 260 деца згрижени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, денеска го пречекаа дедо мраз кој слета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Ново хортикултурно катче-дрвен воз во градскиот парк
Од денеска градскиот парк го краси дрвен воз кој 100% е сопствено производство на вработените од „Паркови и зеленило„ при Ј.П.„Охридски Комуналец.
Откритието на Виктор Груев на “National Geographic”
“National Geographic”, емитуваше кус прилог за големото откритие на Виктор Груев кој работи заедно со уште неколку светски научници. Груев е професор на Универзитетот „Вашингтон“ – Сент Луис, Мисури, САД.
Охридската полиција заплени 7500 парчиња пиротехника во дом на охриѓанец
Униформирани полициски службеници но и службеници од криминалистичката полиција постојано се на терен со цел да се елиминира нелегалната пиротехника и да се оневозможи таа да дојде до рацете на купувачите, пред се децата.
Google тестира систем на пријавување без лозинка
Наскоро за Google профилот нема да е потребна лозинка
Стационарот за згрижување кучиња на Мауцкер ќе стартува од февруари
ЈП Комуналец ја доставило Програмата за работа до општината и до Агенцијата за храна и ветеринарство. Првите заловувања на бездомните кучиња се очекуваат по изборот на ветеринар кој ќе се грижи за нив.
Повисоки примања за административците од идниот месец
Од идниот месец вработените во администрацијата ќе добијат повисоки плати за 4%. Зголемениот личен доход за октомври тие ќе го примат на стартот од ноември.