ПОЗНАТИ НАЈУБАВО УКРАСЕНИТЕ ДВОРОВИ ВО ОХРИД
Петта година по ред, општина Охрид избира најубаво украсен двор или балкон по претходно распишан конкурс. Секретарот на општина Охрид, Игор Бежоски, денес, ги врачи признанијата и наградите на трите најубаво украсени дворови.
Вечерва судир на титаните, Манчестер против Реал
Денес, во фудбалската Лига на шампиони, ќе се одиграат две нови средби од осмина финалето – Реал, во Мадрид, ќе го пречека Манчестер Јунајтед, додека Шахтјор за противник ќе ја има Борусија Дортмунд.
ГЕОРГИЕСКИ И ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА ОГРОЏЕЊЕЦ ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА ПАРТНЕРСКА СОРАБОТКА
Врз основа на Одлуката за збратимување на Охрид и полскиот град Огроџењец која беше донесена од страна на Советот на Општина Охрид, градоначалникот Константин Георгиески и градоначалничката на Огроџењец, Ана Пиларцук вчеравечер на пригоден настан, потпишаа Договор за партнерска соработка.
Македонија претставена на интернационалниот саем за туризам во Утрехт „Vakantiebeurs”
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија заедно со приватниот сектор традиционално учествува на интернационалниот саем за туризам во Утрехт. Делегација на Агенцијата за туризам за време на саемот во Утрехт, одржа бројни состаноци со цел унапредување на веќе етаблирана соработка со големите тур-оператори, но и со бројни помали кои имаат идеа да носат индивидуални патувачки или помали групи на одмор во Македонија.
Зибери е (не)партиски кандидат за премиер?
Лишен од слобода пожарникарот кој повреди двајца негови колеги
Едниот од повредените заврши на скопските клиники во тешка состојба. Напаѓачот и претходно бил пријавуван на полицијата за насилство.
Големите снежни наноси го парализираа Југозападниот регион
ЈП „Охридски комуналец“ постојано е на терен со целокупниот човечки капацитет и механизација. И покрај обилните снежни врнежи градските улици, локалните и регионалните патни правци редовно се чистат но постојано се формира нова снежна покривка и оттаму поплаки од граѓани. Денеска ќе почне расчистување на патиштата до ридско планинските населени места, информираат од ЦУК. Единицата за спасување во планина е подготвена да интервенира доколку се јави потреба од снабдување на отсечени жители во планинските села со храна и лекови, или доколку е потребна нивна евакуација.
Уште еден охриѓанец во врвот на светската научно истражувачката дејност
Данската принцеза Мери и Министерот за високо образование и наука Лунде Ларсен ги претсавија добитниците на престижните Елит Форск награди кои во Данска им се доделуваат на најталентираните млади истражувачи.
ВМРО-ДПМНЕ: Катастрофална е состојбата со зимското одржување и отстранувањето на снегот во Охрид
Катастрофална е состојбата со зимското одржување во Охрид и отстранувањето на снегот. Градоначалничката функција не е пи-ар и маркетиншка агенција, па в.д градоначалникот Констатнтин Георгиески добро ќе беше чајот да го испие и со граѓаните кои беа оставени сами на себе да се справуваат со снегот, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.