Константин Георгиевски избран за в.д. градоначалник на Охрид
Поради смртта на градоначалникот Јован Стојаноски и престанок на функцијата, денес заврши законската постапка за избор на в.д градоначалник.
Италијански град ги забрани пиците поради загадување на воздухот
Привремена забрана на традиционалниот начин на печење пици
Откажана „Новогодишната детска бајка”
ЈП Билјанини Извори, поради веќе познатите причини, ја известува јавноста дека големата новогодишна забава за деца со наслов „Новогодишна детска бајка” која требаше да се реализира на ден 26 (среда) се откажува.
Се намалува бројот на заболени од жолтица
Минатата недела (од 22 до 28 септември) се регистрирани 14 новозаразени со жолтица од нив 8 се поврзани (блиски контакти во веќе заразени членови на семејство), додека 6 се епидемиолошки неповрзани, информираат од Центарот за јавно здравје Скопје.
Корпите за смет беа вандализирани
Викендов несовесни граѓани дивееле и вандалски се однесувале кон урбаната опрема, превртиле, искршиле и уништиле контејнери и корпи за смет, а отпадот го расфрлале насекаде по градскиот кеј и по улицата „Македонски Просветители“. Директорот на „Комуналец“ вели дека станува збор за организирана акција и дека настанот е пријавен во СВР Охрид од каде се чека да се преземат соодветни мерки.
Дискриминација при вработување во Струга
Во Струга постои дискриминација при вработување посебно на припадничките на женскиот пол, обвинуваат од НВО Езерка. Меѓутоа за жал таа дискриминација ниту се пријавува ниту пак тие што се дискриминирани сакаат јавно да проговорат за проблемот, вели претседателот на невладината од Струга Драгица Павлеска Попеска.
Вработените од НП Галичица бараат д асе преиспита одлуката за смена на директорот Бојаџи
Вработените од националниот парк Галичица се собраа на мирен протест да го искажат незадоволството од најавата за смена на досегашниот в.д директор Андон Бојаџи. Стравуваат дека со таа одлука ќе се загрози започнатиот успешен развој на установата со смена на способниот менаџер. Најавуваат постапка за преиспитување на владината одлука дали е таа законска.
Камбек со победа на Рафа Надал
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој поради повреда на коленото отсуствуваше од уште од 28.јуни минатата година, со победа се врати на тениските терени.
Поради печатна грешка, книга за омикрон-варијантата влезе во барабанот на теории на заговор
„Вистиномер“ не најде ниту еден доказ дека книгата постоела пред декември 2021 година. Таа ексклузивно се појавува на Амазон за продажба на 5 декември 2021 и има уникатен код за издаваштво познат како интернационален стандарден број на книга од 13 цифри кој се користи за идентификација на книги. Бројот на книгата открива дека станува збор за книга што авторката ја објавила сама (self-publishing). Понатаму, не постојат никакви податоци за копирајтинг на оваа книга во 2020 година. Корицата има дури и чуден наслов на кого му недостасува еден збор, а внатрешноста изобилува со печатни грешки. Иако оваа верзија на книгата не е достапна на Амазон, друга верзија со истиот наслов и автор се појави на сајтот на 16 декември 2021 година. На оваа поправена верзија од книгата, се вели дека копирајтингот е направен во 2021 година.