Skip to main content
Дек 14, 2018

Проектот „Реконструкција и адаптација на влезот и Салата од Советот на општина Охрид“ беше избран за приоритетен  проект на  Форумот на заедници чијашто последна работна сесија се одржа денеска во Охрид.  UNDP и Швајцарската амбасада во Република Македонија во реализација на проектот ќе учествуваат  со вкупен буџет од 50.000 швајцарски франци.


Мар 4, 2014

Што се случува со струшка дијализа? Концесионерот кој ја доби лиценцата за вршење дијализа, Орка Холдинг, од вчера 03. март отпочна со обавување на својата дејност, односно дијализата. Засега останува опремата со која и досега се изведуваше процесот на дијализа, како и медицинскиот персонал, сестри, болничари и хигиеничари.


Дек 14, 2018

Општина Охрид за  Новата 2019 година објавува  Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон.Пријавувањето на конкурсот ќе трае од 14 до 27. 12.2018 година. Заинтересираните граѓани можат да се пријават во просториите на Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид.


Јан 31, 2013

Јирген Клоп, одличниот фудбалски стратег од клупата на германскиот првак Борусија Дортмунд, веќе подолг период бележи резултати за почит.


Дек 12, 2021

Според информациите објавени на сајтот на МНР, односно протоколите за С. Македонија, Владата на седница, одржана на 31 август 2021 година донесе одлука, според која еден од документите што овозможуваат влез или излез од земјава е и „негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез или излез од територијата на Република Северна Македонија“. Оваа одлука на Владата е се уште во сила, што значи не е точно тврдењето во рецензираниот пост дека ПЦР тестот „не важи“. Сосема друга работа е какви одредби има во државите во кои ќе патувате.


Дек 13, 2018

Изградба на депонија во сливното подрачје на Охридското езеро со застарена технологија  од пред 30 -40 години е рамна на самоубиство. Ова е уште еден аргумент  против изградбата на регионална депонија во Годивје. Пораката доаѓа од  светски познатиот експерт за енергетика Манфред Шуберт со кој градоначалникот на Дебрца остварил средба. 


Сеп 23, 2021

На 22.09.2021 година во 21:20 часот, на кружната крстосница на булеварот „Туристичка” и улицата „Стив Наумов” во Охрид, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шеврполет” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(33) и мопед „Кивеј” со охридски регистарски ознаки, управуван од В.И.(51), двајцата од Охрид.


Дек 12, 2018

Утре, ракометниот клуб Охрид против Радовиш ќе го одигра последниот натпревар во есенската полусезона во Суперлигата. Ракометарите се надеваат со победа и 30 бодови на табелата да ја заокружат 2018та година.


Дек 12, 2018

Фондот за доверба ПОНТ финансиски на долг рок ќе го помага управувањето на националниот парк  Галичица и уште 5 заштитени региони во Македонија, Албанија и Грција. Понт ги препозна промените и активностите на НП  Галичица во  користењето на природните ресурси на паркот. Фондот за екорегионот Преспа – Охрид годинава e добитник на наградата Pathfinder која ја доделуваат Обединетите нации.