Државата ја презема грижата за охридскиот колектор
Министрите на вчерашната владина седница донесоа одлука за основање на ново Јавно претпријатие наречено ,,Колекторски систем“.
Примарната дејност на новото јавно претпријатие ќе биде собирање, одведување и прочистување на отпадни води преку канализациони системи со пречистителни станици, односно колекторски системи и нивно испуштање во реципиент, со крајна цел – заштита на Охридското Езеро.
Исламска држава ја финансираат и оние кои се борат против неа
“Исламска држава продава нафта на режимот на Асад”
Охриѓанката Ивана Маховска Шикалеска е добитничка на наградата најдобар наставник по Германски јазик
Нејзиниот иновативен проект наречен „Туристички водич за млади“, како и можноста за негова практична примена и ја донеле победата.
Ќе има ли штрајк на матичните лекари?
Од денешните разговори на матичните лекари со министерот за здравство Никола Тодоров ќе зависи дали тие ќе останат на најавите за неколкучасовен прекин на издавањето на електронски упати и рецепти или во целост ќе го откажат штрајкот.
Реал Мадрид доаѓа во Охрид
Реал Мадрид доаѓа во Охрид. Од 14 до 18 јануари 2019 година во Охрид, во хотелот „ Аквалина“ ќе се одржи кампот на „кралскиот клуб“ кој е наменет за деца помеѓу 7 и 17 години, кои ќе стекнат непроценливо фудбалско искуство од тренерите за млади категории на Реал Мадрид.
Со песна и игри одбележани деновите на македонската култура во „ Јахја Кемал“ во Струга
Со песна и игри одбележани деновите на македонската култура во „ Јахја Кемал“ во Струга.
Охрид доби етнолошка поставка
Охрид доби етнолошка поставка преку која посетителите ќе имаат можност да се запознаат со минатото на градот. Во Музејот Куќата на Робевци се изложени облека, накит, покуќнина и предмети од 19 век. Покрај етнолошката поставка изложени се и археолошки предмети од најновите истражувања на Плаошник, Самоилова тврдина и Горна Порта.
Се знае името на новиот болид на Ferrari
Ферари го крсти болидот за новата сезона во Формула 1 со името F138 во чест на V8 моторите.
Кривична за стружанец кој сакал физички да нападне негова колешка
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.С.(57) од Струга.