Skip to main content
Дек 12, 2021

Според информациите објавени на сајтот на МНР, односно протоколите за С. Македонија, Владата на седница, одржана на 31 август 2021 година донесе одлука, според која еден од документите што овозможуваат влез или излез од земјава е и „негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез или излез од територијата на Република Северна Македонија“. Оваа одлука на Владата е се уште во сила, што значи не е точно тврдењето во рецензираниот пост дека ПЦР тестот „не важи“. Сосема друга работа е какви одредби има во државите во кои ќе патувате.


Дек 13, 2018

Изградба на депонија во сливното подрачје на Охридското езеро со застарена технологија  од пред 30 -40 години е рамна на самоубиство. Ова е уште еден аргумент  против изградбата на регионална депонија во Годивје. Пораката доаѓа од  светски познатиот експерт за енергетика Манфред Шуберт со кој градоначалникот на Дебрца остварил средба. 


Сеп 23, 2021

На 22.09.2021 година во 21:20 часот, на кружната крстосница на булеварот „Туристичка” и улицата „Стив Наумов” во Охрид, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шеврполет” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(33) и мопед „Кивеј” со охридски регистарски ознаки, управуван од В.И.(51), двајцата од Охрид.


Дек 12, 2018

Утре, ракометниот клуб Охрид против Радовиш ќе го одигра последниот натпревар во есенската полусезона во Суперлигата. Ракометарите се надеваат со победа и 30 бодови на табелата да ја заокружат 2018та година.


Дек 12, 2018

Фондот за доверба ПОНТ финансиски на долг рок ќе го помага управувањето на националниот парк  Галичица и уште 5 заштитени региони во Македонија, Албанија и Грција. Понт ги препозна промените и активностите на НП  Галичица во  користењето на природните ресурси на паркот. Фондот за екорегионот Преспа – Охрид годинава e добитник на наградата Pathfinder која ја доделуваат Обединетите нации. 


Фев 16, 2016

Денес во 17 часот, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде промовирана книгата раскази „Потоци. Стапки“ од писателката Маја Мојсова.


Дек 12, 2018

Министрите на вчерашната  владина седница донесоа одлука за основање на ново Јавно претпријатие наречено ,,Колекторски систем“.
Примарната дејност на новото јавно претпријатие ќе биде собирање, одведување и прочистување на отпадни води преку канализациони системи со пречистителни станици, односно колекторски системи и нивно испуштање во реципиент, со крајна цел – заштита на Охридското Езеро.


Дек 11, 2015

“Исламска држава продава нафта на режимот на Асад”


Дек 12, 2018

Нејзиниот иновативен проект наречен „Туристички водич за млади“, како и можноста за негова практична примена и ја донеле победата.