Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон во општина Охрид за Новата 2019 година
Општина Охрид за Новата 2019 година објавува Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон.Пријавувањето на конкурсот ќе трае од 14 до 27. 12.2018 година. Заинтересираните граѓани можат да се пријават во просториите на Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид.
Јирген Клоп ќе биде новиот Мурињо
Јирген Клоп, одличниот фудбалски стратег од клупата на германскиот првак Борусија Дортмунд, веќе подолг период бележи резултати за почит.
Дезинформација е дека не може да излезете од земјава ако не сте вакцинирани
Според информациите објавени на сајтот на МНР, односно протоколите за С. Македонија, Владата на седница, одржана на 31 август 2021 година донесе одлука, според која еден од документите што овозможуваат влез или излез од земјава е и „негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез или излез од територијата на Република Северна Македонија“. Оваа одлука на Владата е се уште во сила, што значи не е точно тврдењето во рецензираниот пост дека ПЦР тестот „не важи“. Сосема друга работа е какви одредби има во државите во кои ќе патувате.
Германски експерт смета дека депонија во сливното подрачје на езерото е грешка
Изградба на депонија во сливното подрачје на Охридското езеро со застарена технологија од пред 30 -40 години е рамна на самоубиство. Ова е уште еден аргумент против изградбата на регионална депонија во Годивје. Пораката доаѓа од светски познатиот експерт за енергетика Манфред Шуберт со кој градоначалникот на Дебрца остварил средба.
Сообраќајна несреќа на улицата „Стив Наумов“
На 22.09.2021 година во 21:20 часот, на кружната крстосница на булеварот „Туристичка” и улицата „Стив Наумов” во Охрид, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шеврполет” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(33) и мопед „Кивеј” со охридски регистарски ознаки, управуван од В.И.(51), двајцата од Охрид.
Андоновски: Ракометарите на РК Охрид заслужуваат почит
Утре, ракометниот клуб Охрид против Радовиш ќе го одигра последниот натпревар во есенската полусезона во Суперлигата. Ракометарите се надеваат со победа и 30 бодови на табелата да ја заокружат 2018та година.
ПОНТ финансиски на долг рок ќе го помага управувањето на НП Галичица
Фондот за доверба ПОНТ финансиски на долг рок ќе го помага управувањето на националниот парк Галичица и уште 5 заштитени региони во Македонија, Албанија и Грција. Понт ги препозна промените и активностите на НП Галичица во користењето на природните ресурси на паркот. Фондот за екорегионот Преспа – Охрид годинава e добитник на наградата Pathfinder која ја доделуваат Обединетите нации.
„Потоци и стапки“ на Маја Мојсова
Денес во 17 часот, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде промовирана книгата раскази „Потоци. Стапки“ од писателката Маја Мојсова.
Државата ја презема грижата за охридскиот колектор
Министрите на вчерашната владина седница донесоа одлука за основање на ново Јавно претпријатие наречено ,,Колекторски систем“.
Примарната дејност на новото јавно претпријатие ќе биде собирање, одведување и прочистување на отпадни води преку канализациони системи со пречистителни станици, односно колекторски системи и нивно испуштање во реципиент, со крајна цел – заштита на Охридското Езеро.