Промоција на книгата „Свети Архангел Михаил“ од акад. Миле Миќуновиќ
Денес во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Свети Архангел Михаил“ од академик Миле Миќуновиќ.
Во оваа 98 книга академик Миќуновиќ на над 700 страници ги изнесува истражувањата на терен на 64 црковните храмови во Македонија што се посветени на Свети Архангел Михаил по азбучен ред без да го опишува во детали нивниот фрескоживопис, бидејќи како што вели: читателот може да користи соодветна литература од компетентни автори – пред се’ историчари на уметност.
Пожар во гаражата на Вилијамс
Шеснаесет лица се повредени во пожарот што избувна вчера во гаражата на тимот на Вилијамс додека се возеше шпанското гран при во Барселона.
Во вакцините против ковид-19 нема „зачудувачки нечистотии“
Вакцините против ковид-19 не содржат никакви нечистотии, како што се тврди во постот што е предмет на нашата анализа. Во вакцините против ковид-19 нема никакви објекти, ниту живи организми, ваквите тврдења не се научно поткрепени, ниту пак, се докажани. Текстот што се споделува во постот е преземен од веб сајт што шири антиваксерски теории на заговор и дезинформации, познат по промовирање на алтернативна медицина, псевдонаука и десничарски екстремизам.
ПРЕКИН ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ ВО НАСЕЛБА „ЦРНОГОРЦИ“
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 08:00 часот ќе има неколку часовен прекин во водоснабдувањето во населбата Црногорци односно на улиците : „Радојца Новичиќ“ , „130“ , „28ми Април“ , „Кленоец“ и „15ти Корпус“.
Кај велгоштанец пронајдена марихуана
На 21.09.2021 околу 21.20 часот, во СВР Охрид приведен и лишен од слобода е В.К.(37) од охридското село Велгошти. Полициски службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
ОПШТИНА ОХРИД ЗА ПРВ ПАТ ОРГАНИЗИРА ФОРУМ НА ЗАЕДНИЦИ
Во петок на 23-ти ноември 2018 година, општина Охрид во рамки на втората компонта од проектот „Зајакнување на општинските совети” ќе ја организира првата форумска сесија од Форумот на заедници.
Состојбата со плашицата во каналот Студенчишта се стабилизира
На каналот Студенчишта поставена е пумпа за аиризација а со цистерни уште синоќа се вршеше дотур на свежа вода од езерото, откако се случи угинување на големи количини плашица. Состојбата се стабилизира и благодарение на затворањето на истекот на езерото кај Црн Дрим на минимум. Мора да се изнајде трајно решение да се утврди надлежност за раководење со каналот и управуавње, велат од Хидробиолошкиот институт.
„Мобилни даночни шалтери“ на УЈП
„Мобилните даночни шалтери“ се три специјално опремени комбиња кои секој месец ги посетуваат даночниците во населените места каде УЈП нема постојани даночни канцеларии, како и на локации кои дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното населиние и бизниси.
ЈП Охридски Комуналец со позитивни резулатти
ЈП Охридски Комуналец изминатава година финанасиски се консолидира и инвестира во основни средства за дејноста. Покрај извршување на задачите согласно програмите за работа ова јавно претприајтие ќе биде ангажирано и за темелно решавање на проблемот со бездомните кучиња а му предстои и реализацијата на проектот за производство на биогориво од отпад.