Драстично опаѓа стапката на природниот прираст на населението во Охрид
Драстично опаѓа стапката на природниот прираст на населението во Охрид . Загрижува негативната стапка на природниот прираст. Охрид во земјава има најниска стапака на наталитет, а највисока стапка на морталитет.
Отворен ден во ФЗО, Струга
Стружани во подрачната единица на ФЗО остварија средба со директорот на Секторот за управување со човечки ресурси. Подрачната единица во Струга е една од ретките во земјава за која што имавме можност да ги слушнеме најпозитивните коментари за работата, од страна на граѓаните, истакна Бојан Цветковиќ, директорот на Секторот.
Семејното насилство и понатака зема замав во општина Охрид
Семејното насилство и понатака зема замав во општина Охрид. Корените се во традицијата и во влошената економска состојба. Женскиот центар Бисера со средношколците од „ Ванчо Питошески“ одржаа предавање како да го препознаат и да пријават семејното насилство.
Боксерот Агрон Џила, продолжува со светските успеси
„Секоја победа во рингот е мој поттик и движечка сила која ме води до мојот следен успех“, вели младиот професионален боксер од Струга, Агрон Џила.
Охриѓанец го нарушил јавниот ред и мир во локал на ул. „15 корпус“
На 02.03.2022 година во 07.30 часот во СВР Охрид приведен е Ј.Ѓ.(36) од Охрид.
Продолжуваат вандалските чинови во Охрид, сега на мета е урбаната опрема
Вандалски чин повторно резултираше со откорнати корпи за отпадоци во градскиот парк и во близина на плоштадот Крушевска Република.
Се реновираат објектите на детската градинка „Јасна Ристеска“
Со реновирање на објектите се подобруваат условите за престој во охридските објекти на детската градинка „Јасна Ристеска“. Се менуваат покривите и дрвената дограма, а се планира и замена на подовите. Се најавува и етапна обнова на плакарите во сите објекти.
Античкиот театар со нов лик
На Антички театар да се направи центар за посетители , мал музеј како и простории за поддршка на „Охридско лето“ како што е простор за подготовка на изведувачите. Ова е идеја студентите од четврта година на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кои изработија проекти за ревитализација на охридскиот Антички театар. Денес тие беа преставени пред охридската јавност.
Вработените во охридските училишта добија плата за октомври
Одблокирани средствата за плата на вработените во охридските училишта. После политичките препукувања околу одговорноста за проблемот во пресметувањето на платата на секретарите во училиштата што доведе до блокирање на трансферот на средства на барање на министерството за образование, денес од општината кратко инфоримараа дека недоразбирањето со ресорното министерство било надминато.