Турција го возвраќа ударот со докази за Русија
Ердоган ја обвини Русија за вмешаност во трговијата со нафта
Mеѓународен научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“
Свеченото отворање на овогодинешното шесто издание на Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“, во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“ – Скопје, Институтот за национална историја – Скопје и Универзитетот во Болоња, со поддршка од општините Охрид и Ресен, од Македонската Православна црква – Охридска архиепископија, како и од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, ќе се одржи на 23 ноември, во 11:00 часот во црквата св. Софија во Охрид.
Преку концептот на безбедносна култура до подобро функционирање на цивилното воздухопловство
Преку концептот на безбедносна култура на EUROCONTROL, кон подобрување на безбедноста на цивилниот водушен сообраќај во регионов.
Во СРЦ Билјанини извори приходите се зголемени за 100 посто
За една година СРЦ Билјанини извори во касата на претпријатието инкасирало над 32 милиони денари. Приходите се зголемени за 100 посто по сите основи. Во изминатава година подобрени се условите во спортската сала и на терените. За прв пат е направен дел од крак за филтерската станица на отворениот базен.
Деветти по ред натпревар по англиски јазик во колеџот „Јахја Ќемал“
На него се натпреваруваа преку 200 ученици од повеќе основни училишта од југозападниот регион на земјава. За најдобрите десет ученици на натпреварот, колеџот „Јахја Ќемал“ обезбедува стипендии за студирање.
Промоција на книгата „Свети Архангел Михаил“ од акад. Миле Миќуновиќ
Денес во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Свети Архангел Михаил“ од академик Миле Миќуновиќ.
Во оваа 98 книга академик Миќуновиќ на над 700 страници ги изнесува истражувањата на терен на 64 црковните храмови во Македонија што се посветени на Свети Архангел Михаил по азбучен ред без да го опишува во детали нивниот фрескоживопис, бидејќи како што вели: читателот може да користи соодветна литература од компетентни автори – пред се’ историчари на уметност.
Пожар во гаражата на Вилијамс
Шеснаесет лица се повредени во пожарот што избувна вчера во гаражата на тимот на Вилијамс додека се возеше шпанското гран при во Барселона.
Во вакцините против ковид-19 нема „зачудувачки нечистотии“
Вакцините против ковид-19 не содржат никакви нечистотии, како што се тврди во постот што е предмет на нашата анализа. Во вакцините против ковид-19 нема никакви објекти, ниту живи организми, ваквите тврдења не се научно поткрепени, ниту пак, се докажани. Текстот што се споделува во постот е преземен од веб сајт што шири антиваксерски теории на заговор и дезинформации, познат по промовирање на алтернативна медицина, псевдонаука и десничарски екстремизам.
ПРЕКИН ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ ВО НАСЕЛБА „ЦРНОГОРЦИ“
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 08:00 часот ќе има неколку часовен прекин во водоснабдувањето во населбата Црногорци односно на улиците : „Радојца Новичиќ“ , „130“ , „28ми Април“ , „Кленоец“ и „15ти Корпус“.