ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ ВО ПОСЕТА НА КОТОР И БУДВА
Делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Јован Стојаноски е дел од свеченостите што се организираат по повод одбележување на Денот на општините Котор и Будва, Р. Црна Гора.
Серија торнада сеат пустош низ Мисисипи и Алабама
Десетици згради, меѓу кои и станбени објекти се уништени при преминување на торнадо во источниот дел на амриканската сојузна држава Мисисипи и на западниот дел на државата Алабама.
Успешна прва година од работењето на новото раководство на МЈП „Проаква“
За една година исплатени заостанатите плати во работната единица „Водовод“ во Охрид и за прв пат после девет години оваа работна единица, покажа добивка во работењето од речиси два милиони денари. Меѓу приоритетите на новото раководство на претпријатието се набавката на основни средства.
Турција го возвраќа ударот со докази за Русија
Ердоган ја обвини Русија за вмешаност во трговијата со нафта
Mеѓународен научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“
Свеченото отворање на овогодинешното шесто издание на Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“, во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“ – Скопје, Институтот за национална историја – Скопје и Универзитетот во Болоња, со поддршка од општините Охрид и Ресен, од Македонската Православна црква – Охридска архиепископија, како и од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, ќе се одржи на 23 ноември, во 11:00 часот во црквата св. Софија во Охрид.
Преку концептот на безбедносна култура до подобро функционирање на цивилното воздухопловство
Преку концептот на безбедносна култура на EUROCONTROL, кон подобрување на безбедноста на цивилниот водушен сообраќај во регионов.
Во СРЦ Билјанини извори приходите се зголемени за 100 посто
За една година СРЦ Билјанини извори во касата на претпријатието инкасирало над 32 милиони денари. Приходите се зголемени за 100 посто по сите основи. Во изминатава година подобрени се условите во спортската сала и на терените. За прв пат е направен дел од крак за филтерската станица на отворениот базен.
Деветти по ред натпревар по англиски јазик во колеџот „Јахја Ќемал“
На него се натпреваруваа преку 200 ученици од повеќе основни училишта од југозападниот регион на земјава. За најдобрите десет ученици на натпреварот, колеџот „Јахја Ќемал“ обезбедува стипендии за студирање.
Промоција на книгата „Свети Архангел Михаил“ од акад. Миле Миќуновиќ
Денес во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Свети Архангел Михаил“ од академик Миле Миќуновиќ.
Во оваа 98 книга академик Миќуновиќ на над 700 страници ги изнесува истражувањата на терен на 64 црковните храмови во Македонија што се посветени на Свети Архангел Михаил по азбучен ред без да го опишува во детали нивниот фрескоживопис, бидејќи како што вели: читателот може да користи соодветна литература од компетентни автори – пред се’ историчари на уметност.