Света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на Св.Архангел Михаил“
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21. Ноември (среда) 2018 година во манастирот „Св. Наум Охридски“ – Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на св. архангел Михаил“.
Ќе има ли Еуро 2012
Затворските услови за поранешната премиерка Јулија Тимошенко на Западот предизвикуваат негодување. Дури и спортскиот бојкот повеќе не е табу тема.
„ПАРИ“ ОТКРИВА: Најголемите даночни должници се на иста адреса и наскоро треба да се избришат
Порталот „Пари“ направи анализа која се однесува на најголемите должници во земјава. Она што е особено интересно е што 3 од најголемите 5 должници се на иста адреса, наведува порталот.
РК Охрид в недела против Пролет без Славиша Димитриески и Дарко Георгиески
В недела охридските ракометари во салата Билјанини извори ќе го наплатат долгот од скопски Пролет во вториот дел од натпреварите во Супер лигата. РК Охрид во досегашниот тек од првенството има 7 победи и два порази од кои една од Пролет. Ова ни е многу важен натпревар, можеби и решавачки за влез во плеј офот, велат гладијаторите и ја повикуваат публиката да ги бодри во што поголем број.
Обновен лектирниот фонд за децата од основно образование
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид пред почетокот и на оваа учебна година се потруди да го збогати и осовремени книжниот фонд со лектирни изданија и за основците.
Охридските советници со предлози како да се подобрат ефектите од туризмот
Охридските советници со предлози како да се подобри наплатата на туристичка такса во општинската каса. Се бараат начини како да се зголемат ефектите од туризмот. Се предлагаат мерки за да се стимулираат станоиздавачите од мал обем , да не избегнуваат пријавување на гостите, да се плаќа туристичката такса и да се подобрува квалитетот на сместувачките капацитети.
Охрид се подготвува за врнежите од снег
„Охридски Комуналец“ започна со реализацијата на Програмата за зимско одржување. На повеќе локации депонирани вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да ги користат превентивно за справување со голомразица и снежни врнежи.
„Не кажувај либе добра ноќ” за денот на виното и љубовта во Охрид
Со музички ноти во еден несекојдневен амбиент, охриѓанецот Петар Маркоски ги кани гостите и своите сограѓани на едно заедничко прославување на празникот на виното и љубовта.
Здружението на Директори на ученичките и студентските домови бара зголемување на државната партиципација за учениците и студентите
На средбата меѓу Здружението на Директори на ученичките и студентските домови, министерот за образование и наука Арбен Адеми и заменик министерот Петар Атанасов беше разговарано за проблемите во ученичките и студентските домови со фокус за можностите за корекција на средствата кои ги уплатува државата.