СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ СО УЧЕСНИЧКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ КУП НА МАЖОРЕТКИ
Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска во општинската зграда ги прими мажуретките од генерацијата ’99 – ’09 кои ќе се дел од Европскиот КУП што денес и утре се одржува во Спортската сала “Билјанини Извори”.
Viber со новата верзија овозможи нови опции
Новата верзија на Viber овозможува бришење на пораки кои пријателите нема никогаш повеќе да ги видат
Царинската управа започна да го промовира концептот овластен економски оператор
Новиот инструмент овластен економски оператор ќе ги олеснува царинските процедури на деловната заедница во земјава. Македонските компании во меѓународниот синџир на снабдување ќе бидат признаени како безбедносни и сигурни со усогласени и ефикасни царински процедури. Царинската управа започна да го промовира концептот кој е дел од измените на Законот за царина.
Давчка помалку за корисниците на социјална и постојана парична помош
Корисниците на социјална и постојана парична помош трајно ќе бидат ослободени од плаќање на радиодифузната такса со цел подобрување на условите за живот со една давачка помалку.
Владата додели повеќе од шест милиони денари за обесштетување за претрпените штети од земјотресот во 2017-та
Средствата веќе се легнати на посебна жиро сметка, а исплатата треба да заврши за период од еден месец, велат од Локалната.
Криза во струшкиот Совет
Никако да профункционира струшкиот Совет. Денешната втора по ред седница само што почна, заврши, односно откако советниците на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата, после првата дискусија на останатите советници, истата се одложи.
Едриличарите ќе едрат за Сара
Последната регата за оваа сезона со хуманитарна цел. Котизацијата за учество како и донации од едриличарските тимови ќе бидат наменети за помош за лекување на Сара Настеска. Регатата првично беше најавена за сабота, но од оправдани причини истата ќе се одржи во недела.
Камбек на Ленокс Луис
Пензионираниот поранешен светски боксерски првак во тешка категорија Ленокс Луис, преку Твитер објави дека се враќа за уште еднаш да се сретне со Виталиј Кличко.
НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО НАСЕЛБАТА „РАДОЈЦА НОВИЧИЌ“
Деновиве завршија активностите за изградба на новото детско игралиште во населбата „Радојца Новичиќ“, во непосредна близина на баскет игралиштето.