ОПШТИНА ОХРИД УЧЕСТВУВАШЕ НА СОСТАНОКОТ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА УНИЈАТА НА ОПШТИНИ
На состанокот на управниот одбор на Унијата на општини, што вчера се одржа во градот Гебзе, во Турција, беа разгледувани можностите за соработка помеѓу општините во реализација на проекти.
Лоши вести за планетава
Незабележано во последните 135 години
СОСТАНОК ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА МЕЃУВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА
Безбедносната состојба во охридските основни и средни училишта е релативно добра но потребна е понатамошна поинтензивна соработка меѓу менаџерскиот тим на овие институции и полицијата со цел да се намалат одредени ризици и состојби кои предизвикуваат загриженост кај децата и родителите, ова беше заклучено на првиот работен состанок на Локалниот совет за превенција при СВР Охрид, што денес се одржа во општина Охрид, а на кој учествуваа претседателката на општинскиот совет, Живка Ангелоска и заменик градоначалникот Константин Георгиевски.
Дечињата од социјално ранливите категории заминаа на летување
На бесплатен одмор во детското одморалиште „Мајски цвет“ во Струга, денеска заминаа 100 дечиња од социјално ранливи категории.
ОБУКА ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВО НА ОРГАНСКА ХРАНА
Согласно активностите на Г1 програмата за локален економски развој на Општина Охрид за 2018- та година, синоќа во големата сала на Општина Охрид се реализираа советувања и обука за процесот на сертификација на производство на органска храна. Обуките ги одржа Горан Колев, овластен контролор на целокупниот опсег на сертрификација на органска храна од Про Церт.
Над 890 уметници на Вевчанско културно лето
ВЕКУЛ е манифестација која годнава за прв пат се одржува во „держава“ Вевчани. Станува збор за Вевчанското културно лето кое претставува единствено остварување во помалите општини за афирмација на културното живеење и развојот на туризмот.
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КЕЈ МАКЕДОНИЈА“
Утре на 26.10.2018 година, со почеток во 12 часот, во големата сала на општина Охрид, ќе се одржи презентација на проектот „Реконструкција на Кеј Македонија“,каде пред присутните ќе биде презентиран овој исклучително важен проект, за што потоа предвидено е да следи дискусија.
И Тајсон ќе стане уметник
Поранешниот светски шампион во бокс, Мајк Тајсон кој призна дека се однесувал како „неандерталец”, сака да биде уметник.
СЕДУМТЕ ЧИНАРИ ОД ОХРИД ПРОГЛАСЕНИ ЗА ПРИРОДНА РЕТКОСТ
На иницијатива на Општина Охрид и по подготовка на целокупната документација од Одделението за заштита и влијание врз животната средина, неодамна Владата на Република Македонија ги прогласи седумте чинари од Охрид за природна реткост.