Skip to main content
Окт 24, 2021

Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“, наши сограѓани ни испратија слики од моменталната состојба во која се наоѓаат познатите Билјанини извори кои негогаш беа главна атракција за туристите и важеа за препознатлив белег на Охрид. Прашуваат што се случува со изворите?!


Окт 30, 2018

Пред  охридските  советници денеска се најде усвојување на нацрт урбанистички план, за прв пат во овој состав на советот. Советниците од двата блока не  дадоа зелено светло  на  неколку  згради во центарот на градот да се доградуваат катови. Градоначалникот кажа дека нацрт планот е започнат од претходните локални самоуправи , а сега нивна должност е  она што го зацртал планерот да го стават на расправа во Советот. 


Сеп 21, 2021

Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко и беше од племето Давидово, а мајка и’ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога.


Окт 30, 2018

За обесштетување од невремето кое беснееше на охридското крајбрежје на 17ти март годинава ќе одлучува посебна комисија формирана во Владата. Елаборатот за проценка на штета кој денес го усвоија градските советници утре ќе биде испратен до Владата.


Окт 30, 2018

На присутните спортски новинари и бројните гости топло добредојде им посака првиот човек на Охрид, градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски, кој им посака добредојде на гостите и порача во името на целиот град, следната година бордот на директори на Асоцијацијата на спортски новинари од Југоисточна Европа да се одржи токму во Охрид.


Јан 21, 2016

Двајца астрономи од Калифорнискиот институт за технологија тврдат дека откриле нова планета во Сончевиот систем. Планетата привремено се нарекува „Деветта планета“, пишува „Washington post“.


Окт 30, 2018

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска во општинската зграда ги прими  мажуретките од генерацијата  ’99 – ’09 кои ќе се дел од Европскиот КУП што денес и утре се одржува во Спортската сала “Билјанини Извори”.


Ное 26, 2015

Новата верзија на Viber овозможува бришење на пораки кои пријателите нема никогаш повеќе да ги видат


Окт 29, 2018

Новиот инструмент овластен економски оператор ќе ги олеснува царинските процедури  на деловната заедница во земјава.  Македонските компании во меѓународниот синџир на снабдување ќе бидат признаени како безбедносни и сигурни со усогласени и ефикасни царински процедури. Царинската управа започна да го промовира концептот кој е дел од измените на Законот за царина.