Рамиз Мерко избран за претседател на новиот состав на Југозападниот плански регион
На првата конститутивна седница на Советот за развој на југозападниот плански регион, градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко беше избран за претседател на новиот состав.
Пет месеци нема предавања на Филмската академија во Охрид
Наместо здобивање со престижни дипломи студентите на Фимската академија во Охрид не држат предавања и загрижени се за својата иднина. Професорите пет месеци не доаѓаат на работа. Годинава изостанаа и уписите за прва студиска година. Раководството на установата чека насоки од ресорното министерство.
Најлонските ќеси стануваат луксуз од 1 декември
Од први декември ќе има повисока цена на најлонските ќеси во трговијата, според новиот закон за управување со пакувања и отпад од пакувања. Досега во пракса законските решенија за нивна забрана од употреба не ги дадоа посакуваните резултати во заштита на животната средина. Сега зависи каков Правилник за биоразградливост ќе донесе Министерството за животна средина за вистинско еколошко решение, велат од Иницијатива за спречување на употреба на пластични ќеси.
Затајува земјоделската инспекциска врз посевите во охридско
Охридските еколошки свесни производители на овошје и зеленчук реагираат дека затајува инспекциската контрола врз посевите. Обучените инспектори досега нити еднаш не направиле контрола врз употребата на хемиските препарати. Од друга страна пак многу мал е бројот на еколошки свесните и едуцирани земјоделци и овоштари.
Проектот „Е-мобилност“ пристигна во Охрид
„Wallbe“ електрични полначи за хибридни возила, поставени на две локации во строгиот центар на градот.Користењето на овие возила во Македонија е во почетна фаза, но глобалните трендови кон кои цели државата и општините се во насока на користење на обновливи извори на енергија, со цел зачувување на животната средина
Нова средба со посредникот Ванхауте
За денеска попладне е закажана нова средба на Работната група на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино со посредникот Питер Ванхауте, објавија националните медиуми.
СЕ САНИРААТ УДАРНИТЕ ДУПКИ НИЗ ГРАДОТ
По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, изминатиов период се врши санација на ударните дупки низ градот.
Терористите во Париз убивале со калашникови произведени во Застава од екс Југославија
Во Германија уапсен е продавачот на оружјето со кое убивале терористите во Париз
Проаква го доби во владение водоводот во селото Долно Лакочереј
Проаква го доби во владение водоводот во селото Долно Лакочереј. Со новите измени во Законот за води само претпријатијата кои стопанисуваат со вода за пиење имаат право да управуваат со системите за водоснбдување . Анализите на водата направени од центарот за јавно здравје подолго време покажуваа дека жителите од повеќе селски водоводи пијат бактериолошки неисправна вода .