Фев 21, 2025
ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охрид
ЈЗУ Св. Еразмо започна со користење на видео сетот за интубација
Од ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид информираат дека Центарот за развој на Југозападен плански регион ја предаде новата опрема на нашата болница, во рамките на проектот “Опремување на современ центар за физикална терапија”. Станува збор за видео сет за интубација, кој од вчера активно започна се користи во секојдневната работа на болницата и значително ги подобрува процедурите и безбедноста на пациентите.
Фев 21, 2025
Спомен на Свети Сава II, архиепископ Српски
Православните верници денес го слават споменот на Свети Сава II, архиепископ Српски, син на кралот Стефан Првовенчан.
Фев 21, 2025
УХМР
Времето денеска: сончево и студено
Минималните температури во Охрид од -6, а максималните до 5 степени Целзиусови.
Фев 20, 2025
Н.У Библиотека Григор Прличев
Охридската библиотека доби грант за реализација на 17 проекти
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид за оваа 2025 година ќе добие близу 1 160 000 денари за реализација на 17 проекти во кои Министерството за култура и туризам го препозна националниот интерес.
Фев 20, 2025
Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Вроден вертикален талус
Вертикален талус претставува тешка деформација со ригидно рамно стапало, кај кое имаме дорзална дислокација на навикуларната коска и еквино-валгус на калканеусот. Преваленцата изнесува 1 : 10 000 новородени, подеднакво и кај машкиот и женскиот пол, обично билатерално, на двете стапала. Во 50 % од случаите, деформитетот е изолиран, додека другата половина е во склоп на некој синдром.
Фев 20, 2025
Визер нема да лета за Будимпешта од скопскиот аеродром
Ова е седма линија што „Визер“ ја укинува од Скопје во последнaва година.
Фев 20, 2025
Од денес поевтинуваат над 1000 производи
Според владината одлука, на 5% се ограничува профитната маржа за млеко, леб, брашно, јајца, масло, јогурт и кисело млеко, на 10% за месо, шеќер, млечни производи, ориз и тестенини, а на 15% за хигиенски средства, овошје, зеленчук и бебешка храна.
Фев 20, 2025
Н.У Библиотека Григор Прличев
Охридската библиотека ќе го збогати својот фонд со помош на читателите
Предлозите до средината на идниот месец ги очекуваат на е-маил адресата biblioteka_ohrid@yahoo.com, како и на официјалната Фејсбук страница.
Фев 20, 2025
Народен театар Охрид
Денес започнува новата театарска сезона на охридскиот театар
Народен театар Охрид новата театарска сезона ја започнува денес со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски.