Skip to main content
Окт 4, 2018

 Даниел Новиќ со коктелот „Руби Буби“  победник  на „Вигор бармен купот“.  На државното првенство на тест беше креативноста на дваесетина бармени  при  подготовката  на инвентивен  долг освежителен пијалок. Во Охрид во подем е културата на конзумирање коктели но има одлив на квалитетни бармени. 


Мај 24, 2013

ПСУ „Јахја Кемал“, од Струга бележи успех на уште една генерација. Синоќа во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ се одржа цремонија на која на матурантите од оваа установа им беа доделени завршните дипломи.


Окт 4, 2018

Денес во просториите на ЈП Билјанини Извори се одржа ждрепка за престојниот турнир во баскет 3×3.


Фев 15, 2012

Наскоро започнува втората полусезона во Првата машка ракометна лига. Нашиот возобновен ракометен клуб Охрид 2011, ги прави последните подготовки пред продолжението на сезоната. Шансите за финиш во врвот на табелата и натаму отворени за нашиот претставник.


Фев 11, 2022

Вакцината на Фајзер од август 2021 година е целосно одобрена за користење. Таа стана првата вакцина во светот која доби целосна дозвола за употреба од aмериканската Aгенција за храна и лекови (ФДА). Комесарот на ФДА, Џенет Вудкок, рече дека јавноста може да биде сигурна дека вакцината ги исполнува највисоките стандарди на безбедност, ефикасност и високи стандарди во начинот на производство.


Окт 4, 2018

Денес во општина  Охрид  престојуваше 6 члена делегација, од Сојузна Република Германија, предводена од  Hans-Georg von der Marwitz , член на парламентот на Сојузна Република Германија (Бундестаг). Во состав на делегацијата беа и Friedrich-Wilhelm König,  Georg Prinz zur Lippe, Frank Oschatz, Axel Metzler и Idris Feriku.


Сеп 20, 2021

Една од најстарите музички манифестации, фестивалот “Охридски Староградски Средби“, синоќа го имаше своето 33 –то издание. Традиционалната средба на културно уметнички групи и музички состави, кои го негуваат староградскиот мелос, се одржа пред платото на Центарот за култура “Григор Прличев“, согласно здравствените протоколи. Во името на Локалната самоуправа, пред присутните се обрати Живка Ангелоска, претседателка на Советот на Општина Охрид.


Окт 4, 2018

Од 12-ти до 14-ти октомври, Охрид ќе биде домаќин на „Ohrid Gastro Tour“ или охридската Гастро тура, новата активност во организација на општина Охрид, која има за цел да се подигне квалитетот и понудата во охридските ресторани и угостителски објекти.


Окт 3, 2018

Општина Охрид ќе ги зајакнува админитративните капацитети со кадар за  подготовка на  проекти за аплицирање до фондовите на  ЕУ. Проектите ќе бидат од најразлични области за потребите на заедницата. Во последните 3 години биле одобрени 46 проекти од фондовите на ЕУ, донации од странски амбасади и меѓународни организации.