Skip to main content
Сеп 26, 2018

Додека се чекаат официјалните бројки и статистички показатели за тоа каква сезона имавме, впечатокот на угостителите е дека летово поминале подобро од лани. Од угостителскиот еснаф сметаат дека треба да се работи на продолжување на сезоната и привлекување гости со подлабок џеб.


Јан 11, 2016

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14 јануари 2016 година (четврток), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Обрезание на Господ Исус Христос и свети Василиј Велики“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.


Сеп 26, 2018

Во тек е чистењето на каналите и речните корита во Охрид. Исчитен е каналот на реката Грашница на пресекот  со  улиците Туристичка и  Железничка.  Мапирани се сите критични точки кои предизвикаа  штети  на граѓаните, а чистењето треба да заврши до крај на октомври. 


Ное 15, 2015

Нападите во Париз се најсмртоносното дивјаштво на екстремисти вон исламскиот свет


Сеп 26, 2018

Делегација на Општина Охрид, предводена од претседателката на советот Живка Ангелоска, беше во посета на Александровц, Република Србија, на традиционалната манифестација “Жупска берба – 2018“.


Јун 2, 2014

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука,  малопродажните цени на горивата од вечерва  на полноќ дапоскапат за 1 и 1, 5 денари за литар.


Сеп 25, 2018

 Дивата депонија Мауцкер од утре  ќе се покрива со земја. На истата локација ќе продолжи депонирањето на градежен шут за да се спречи создавањето на диви депонии низ градот. Проценките од пред две години покажаа дека се потребни пола милион евра за нејзино чистење, а во меѓувреме оваа сума е во пораст. 


Мај 15, 2013

Рушење на нелегалните објекти покрај двата кеја на реката Црн Дрим, најави градоначалникот на Струга Зијадин Села. На ревизија е ставена и состојбата со плажите кои се под концесија.


Сеп 25, 2018

76,5 % од анкетирани охриѓани сметаат дека ул Македонија треба да биде пешачка зона. Анкетата беше спроведена во рамки на програмата “Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку SymbioCity пристап“ во која учествува Општина Охрид, заедно со претставници од други седум градови од Србија, Украина и Турција.